Веда Словена

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Веда Словена“ е збирка песни објавени во втората половина на 19 век. Делото е оценето како книжевна мистификација.[1]

Веда Словена[уреди | уреди извор]

Двата тома на „Веда Словена“ кои излегуваат во 1874 во Белград и 1881 година во Санкт Петербург. Нивни собирачи и запишувачи се Стефан Верковиќ и Јован Гологанов. Тие тврделе дека станува збор за песни од усното предание на македонскиот фолкор од предисториската и предхристријанската ера. Во двата тома на „Веда Словена“ биле објавени над 23.000 стихови, иако според тврдењата постоеле околу 300.000 необјавени стихови.

Делото во себе содржело легенди и митови со необична тематика и содржина која ги поврзува Словените со нивната прататковина Индија. Во песните се истакнувало дека прататковци на Словените на Балканот се древните Македонци, Пајонците, Илирите и Тракијците. Меѓу митските херои, древните цареви, се наоѓаат и имињата на Орфеј и Тројанската војна, потоа на македонските кралеви Филип II и Александар Македонски.[2]

Според Гане Тодоровски, еден од најдобрите македонски познавачи на оваа тематика: „'Веда Словена' - дело на Верковиќ-Гологанововата колаборација - за секога ќе значи само едно: најизвишен паметник на екстремнниот национален занес, најкусовечната рожба на колективната национална утопија. Тоа дело говори за една неминовна фаза низ која скоро секој народ во својот развиток треба да мине: фазата на романтичарската самодопадливост, фазата кога во огледалото на националната суета секој гест и потег, секое движење и присеќавање, секоја недоустена реч добиваат грандиозно значење, херојска поза, историски чин“.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The «Veda Slovena» mystery“. Родноверие. Язычество славян (англиски). Посетено на 2018-11-01.
  2. „Мистеријата на „Веда Словена". Македонска нација. Посетено на 2018-11-01.
  3. „Проект Растко Македонија: Гане Тодоровски : За и против „Веда Словена". makedonija.rastko.net. Посетено на 2018-11-01.