Бугарофили

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бугарофилија (составено од зборовите бугар и грчкиот збор φιλία- сакање) е термин користен од официјалната македонска наука како дефиниција за човек од македонско потекло кој себе си се смета за Бугарин, т.е. има бугарска национална свест. За време на српската окупација на Вардарска Македонија (1912-1945), Србите воведуваат термин бугараш со којшто ги етикетираат сите оние македонски родољуби коишто и се спротивставувале на српската асимилаторска политика, имале изразени македонски чувства и се бореле за автономија на Македонија. Самиот збор бугараш е од српско потекло (кошаркаш, ногометаш - кошаркар, фудбалер) и нема ништо заедничко со македонскиот јазик. После 1945 година, терминот бугараш, како погрден збор, го употребуваат и комунистите од Македонија како етикета за сите десно ориентирани Македонци и противници на југословенската федерација. Многу македонски родољуби се убиени, затворани и испраќани на Голи Оток како бугараши, зедно со оние кои навистина себеси се чуствувале за бугари и работеле за бугарската кауза. Односно тогашната држава не правела разлика меѓу македонските патриоти и бугарофилите, и тенденциоозно македонците кои се залагале за самостојно работење буле нарекувани бугараши. Класичен пример е дискредитирањето на Методија Шаторов - Шарло од страна на Тито со зборовите стариот бугарин или обвинувањето на Вера Ацева која го тврди следното:

Прво, другари, ако се чита писмото на Методија Шаторов-Шарло, напишано по распуштањето на Покраинскиот комитет и неговото сменување од секретар на ПК на КПЈ на Македонија ќе се види дека тој во душата е Бугарин. Целото негово дејствување преку летото 1941 година, како секретар на ПК, беше подредено на тоа Македонија да биде составен дел на Бугарија. Јас лично го познавам, сум работела со него, сум била член на ПК, па според тоа, можам повеќе и да судам [1]

Според Љупчо Георгиевски, не само што тој, туку и 90 проценти од ВМРО-ДПМНЕ во раните 1990-ти години, како и 50 отсто од Владата што тој ја раководел од 1998 до 2002 година, се чувствувале како македонски бугарофили.[2]

Извори[уреди]

  1. Дискусија на Вера Ацева, Скопје во НОВ, 1941", Скопје, 1973, стр. 379 [1]
  2. Што се случува во десницата? Утрински весник, број 3294 од 31 мај 2010 година.

Види исто така[уреди]