Вера Ацева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вера Ацева
Vera-aceva.jpg
Вера Ацева
Роден на 24 ноември 1919
Роден во Ореовец (Прилепско), Кралство СХС
Починал на 10 ноември 2006 (87 год.)
Починал во Скопје, Македонија
Професија работничка

Член на КПЈ од 1940.

Функција Градоначалник на Скопје
Мандат 1948[1]
Претходник Душко Лукарски
Наследник Аспарух Каневче
Народен херој од 27 ноември 1953
Одликувања
Орден народен херој
Орден заслуга за народ са златним венцем
Орден братства и јединста
Орден рада са златним венцем
Орден за храброст
Партизанска споменица 1941.
Овластување и директиви за Вера Ацева од Президиумот на АСНОМ.

Вера Ацева - Доста (Ореовец (Прилепско), 24 ноември 1919 - Скопје, 10 ноември 2006) — македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој на Југославија.

Помеѓу двете светски војни[уреди | уреди извор]

Вера Ацева народен херој

Поради лошата материјална состојба, Ацева е принудена да го прекине образованието по завршувањето на втор клас гимназија и да се вработи. Работела во тутунската индустрија.[2]

На работничкото движење му пристапува на 16 години. Станува член на КПЈ на почетокот на 1940 година. Во септември истата година, на Покраинската конференција, е избрана за член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Од септември 1940 до ноември 1941 година е секретар на Месниот комитет во Прилеп.

НОВ[уреди | уреди извор]

Ацева била еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди. На почетокот од 1942 година работи во ПК КПЈ во Скопје, а потоа е партиски инструктор во Струмица, Битола и Штип. Во август 1943 година станува комесар на Шарскиот партизански одред, а кога на 11 ноември 1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада, Ацева е избрана за заменик-политички комесар. На таа функција е до јануари 1944 година кога станува политички секретар на Третиот и на Четвртиот областен комитет на КПМ. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избрана во неговиот Президиум.[3]

По ослободувањето[уреди | уреди извор]

По ослободувањето Ацева врши повеќе раководни функции. Во 1948 била Градоначалник на Град Скопје. На Петтиот конгрес на КПЈ во јули 1948 година е избрана во Централниот комитет на КПЈ.

Во март 1949 година, при реконструкцијата на Владата на НРМ, е избрана за министер за земјоделство.[4] Во Владата од 1951 година е избрана за министер - претседател на Советот за народно здравје и социјални грижи. Избрана е за член на Извршниот совет од февруари 1953 година, од декември 1953 година и од 1958 година. На 27 септември 1960 година е разрешена од должноста претседател на Републичкиот Совет за социјална политика и комунални прашања.[5] Потоа била член на Сојузниот извршен совет. Била пратеник во повеќе свикувања на Собранието на НРМ и на СФРЈ.

Во 1960 година Ацева доаѓа во судир со тогашниот секретар на Сојузот на комунистите на Македонија, Лазар Колишевски, обвинувајќи го дека заедно со Видое Смилевски - Бато ги донесува одлуките надвор од Извршниот комитет на СКМ. На седницата од 18 октомври 1960 од Белград доаѓа Александар Ранковиќ, кој застанува на страната на Колишевски. Ацева е принудена да се повлече и е преместена на работа во Белград.[6]

Во 1991 година ја објавува својата книга „Писмо до Светозар Вукмановиќ – Темпо“.

Наводи[уреди | уреди извор]