Ристо Пенов
Ристо Пенов | |
---|---|
![]() | |
Градоначалник на Град Скопје | |
На должноста 1996 – 2005 | |
Претходник | Јове Кекеновски |
Наследник | Трифун Костовски |
Пратеник во македонското Собрание | |
На должноста 2006 – 2011 | |
Министер за локална самоуправа на Македонија | |
На должноста 2022 – 2024 | |
Претседател | Стево Пендаровски |
Премиер | Димитар Ковачевски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 28 септември 1957 Титов Велес, НР Македонија, ФНРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | Демократска партија ЛДП |
Сопружник | Нада |
Деца | 2 |
Установа | „Св. Кирил и Методиј“ |
Професија | економист |
Вероисповед | православен христијанин |
Ристо Пенов (роден на 28 септември 1957 година во Велес) — македонски стопанственик, политичар и општественик.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Образование
[уреди | уреди извор]Ристо Пенов е роден на 28 септември 1957 година во Велес. Средно образование завршил во Гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ во 1975 година, дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1979 година и магистрирал на тема „Кадровскиот потенцијал на Македонија – човечките ресурси како производен фактор“ на Правниот факултет во Скопје во 1990 година.
Работен век
[уреди | уреди извор]Ристо Пенов со својот професионален ангажман започнал во органите на управа на Град Скопје каде што работел на проблемите на економскиот и просторниот развој на градот, и на тоа место се задржал до 1986 година кога станал советник во економскиот тим на Петар Гошев. Бил раководител во претпријатието „Ангрокожа“ (1990-1993).
Во политичкиот ангажман бил секретар на Демократската партија до нејзиното соединување со Либералната партија во 1997 година, потпретседател (19 април 1997 – пролетта 1999) и претседател на Либерално-демократската партија (пролетта 1999 – 11 февруари 2007).
Во 1996 година на Локалните избори бил избран за Градоначалник на Град Скопје, а вториот мандат го добил на Локалните избори во 2000 година. По завршувањето на градоначалничката функција, Пенов бил во два мандати пратеник во Собранието на Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Пенов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1132. Text "series " ignored (help)
![]() |
„Ристо Пенов“ на Ризницата ? |
|