Прејди на содржината

Градоначалник на Град Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Градоначалник на Град Скопје
Мандат4 години
Прв функционерМилан Талевски
Создадена1991 (Република Македонија)
1941 (СР Македонија)
1918 (Вардарска бановина)
Мреж. местоофицијален портал

Градоначалникот на Град Скопје го претставува и застапува Градот Скопје. За својата работа градоначалникот одговара пред граѓаните на град Скопје. Сегашен градоначалник на Град Скопје е Орце Ѓорѓиевски.

Надлежности

[уреди | уреди извор]

Надлежностите на градоначалникот се следниве:

  • ги прогласува актите на Советот и ги објавува во „Службен весник на Град Скопје“;
  • се грижи и го обезбедува извршувањето на актите на Советот;
  • се грижи за извршување на работите што со закон му се доверени на Градот Скопје;
  • му предлага на Советот донесување на одлуки и други општи акти од негова надлежност;
  • раководи со управните и административните органи и служби на Градот;
  • управува со имотот на Градот во согласност со статутот;
  • именува и разрешува главен архитект;
  • му предлага на Советот именување и разрешување на раководни органи на јавните служби, установи и претпријатија основани од Градот;
  • именува и разрешува раководни лица на административните, односно управните органи на Градот Скопје;
  • донесува акти за кои е овластен со закон, статутот на Градот или акт на Советот;

врши и други работи утврдени со закон и со Статутот на град Скопје.

  • Градоначалникот соработува со градоначалниците на општините од подрачјето на Градот Скопје, заради изградување на заеднички ставови, определување заеднички приоритети и преземање заеднички акции по определени прашања и проблеми од интерес за Градот како целина.

Список на Градоначалници на Град Скопје (1991-)

[уреди | уреди извор]
Партија

      СДСМ       ВМРО-ДПМНЕ       ЛДП       независен

# Име
(роден–починат)
Слика Мандат Политичка припадност
1 Милан Талевски19911993ВМРО-ДПМНЕ
2 Горан Николовски19931995ВМРО-ДПМНЕ
3 Јове Кекеновски19951996ВМРО-ДПМНЕ
4 Ристо Пенов19962005ЛДП
5 Трифун Костовски20052009Независен
6 Коце Трајановски20092017ВМРО-ДПМНЕ
7 Петре Шилегов20172021СДСМ
8 Данела Арсовска20212025Независна
9 Орце Ѓорѓиевски2025ТековенВМРО-ДПМНЕ


Извори и надворешни врски

[уреди | уреди извор]