Прејди на содржината

Разговор:Градоначалник на Град Скопје

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Начин на доделување на новите возила во ЈСП

[уреди извор]

Г-дине Градоначалниче,би сакал да ве извесам дека доделувањето на новите автобуси се врши на многу лош начин затоа што е препуштено доделувањето да го вршат луѓе кои се долги години вработени во ЈСП,но немаат соодветно образование и искуство со новите возила. Тие (шефови на смени),најпрвин гледаат кои возач колку ќе ги почасти, потоа „чии деца“ се, а најпосле предходното искуство на возачите кои предходно работеле со такви возила.Затоа веќе се случија неколку незгоди, технички грешки, и дуги немили случувања со кои се уништуваат новите автобуси,и освен што возачот ќе биде казнет и одстранет од тоа возило,ниеден одговорен што го доделил тоа возило на тој неискусен возач не е казнет и сменет од работното место кое го злоупотребува. Инаку,јас сум возачот кој е задолжен на линијата со бр.60,која се движи од Транспортен центар до Матка, а запослен сум во ЈСП од јануари минатата година.Мојот шеф на смена врши тотален мобинг со тоа што иако знае дека ова лето имаше драстично зголемен број на странски и домашни туристи,секое попладне ми доделуваше возило кое има тежок волан,кое дими во каросерија,и најлоши сообраќајни карактеристики за да неможам да ја исполнам работната задача, бидејќи секое попладне паркингот беше преполн со возила,а нема обележана автобуска станица.Мобингот го врши од три причини: 1- Затоа што сум примен на работа преку ВМРО-ДПМНЕ (ме нарекува „лепач на плакати“ иако не сум во тие години да вршам пропаганда на таков начин), 2- Имам поглемо образование и работно искуство, 3- Не му плаќам „десетка со кромид“ во кафанчето кое се наоѓа на пазарчето во Ѓ.Петров. Ве замолувам да се заинтересирате за случувањата во ова јавно предпријатие,бидејќи преку него влијаат таквите структури на останатиот дел од граѓаните (патниците),се создава огромно незадоволство поради каснење на работа, неочистени каросерии и многу други работи за кои не е возможно да се објасни преку едно писмо. Јас би Ве замолил за лична средба, кога би можеле да одвоите од Вашето време,за да ви пренесам одредени искуства (бидеќи јас работев во Словенија, и долги години возев низ цела Европа),навистна би сакал да помогнам да се решат одредени проблеми за кои не се потребни финансиски трошкови,а многу би се подобрила работата во ЈСП,а со самото тоа би се намалило незадоволството кај патниците,а исто така и кај возчите. Поздрав, и молам за одговор. Тони Јанковски 92.53.27.85 (разговор) 10:32, 2 септември 2011 (CEST)tonij66@yahoo.com[одговори]