Милан Талевски
Милан Талевски (роден во Титов Велес, 2 ноември 1954) — македонски стопанственик и политичар, првиот градоначалник на Град Скопје по осамостојувањето на Македонија, од 1991 до 1993 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Тој е роден на 2 ноември 1954 година во Титов Велес. Завршил гимназија во „Георги Димитров“ во Скопје, а потоа дипломирал и на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“. Меѓу 1985 и 1990 година, работел во ТП „Караорман“.
Во декември 1990 година, тој бил избран за градоначалник на Град Скопје од страна на градското собрание. Должноста ја извршувал од 23 јануари 1991 година до крајот на мандатот во 1993 година. За време на неговиот мандат била пуштена во употреба санитарната депонија „Дрисла“ во атарите на селата Ракотинци и Батинци, со сместивост за депонирање смет за Скопје и селата што припаѓаат во Град Скопје. Санитарната депонија била пуштена во употреба на 21 септември 1993 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]| Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||||||||||||