Коце Трајановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коце Трајановски
Градоначалник на Град Скопје
На должноста
2009 – 2017
Претходник Трифун Костовски
Наследник Петре Шилегов
Градоначалник на Општина Гази Баба
На должноста
2005 – 2009
Претходник Борче Стефановски
Наследник Тони Трајковски
Пратеник во Собрание на Република Македонија
На должноста
1998 – 2002
Претседател Борис Трајковски
Премиер Љупчо Георгиевски
Лични податоци
Роден(а) 1956
Скопје
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ

Коце Трајановски (1956 во Скопје) — македонски политичар и поранешен градоначалник на Град Скопје и на скопската општина Гази Баба.[1] Тој е член на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Коце Трајановски е роден 1956 година во Скопје. Дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје, 1980 година.[2] Во периодот 1981–1996 работи во МЗТ – Хепос како раководител на компјутерскиот центар. Во периодот 1996–1998 ја основа и води сопствената фирма за компјутерски софтвер за интегрирани информативни системи.[3]

Во 1998 година Трајановски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија како кандидат на мнозинската список на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица број 65. Во 2002 повторно е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија во изборната единица број 2, на пропорционалната список на ВМРО ДПМНЕ.[4] Во текот на пратеничкиот мандат бил координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.[4]

На локалните избори во 2005 бил избран за градоначалник на општина Гази Баба. На локалните избори во 2009 Трајановски станал градоначалник на Град Скопје.[5] На локалните избори во 2017 година бил наследен на функцијата градоначалник од страна на Петре Шилегов.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Службено мрежно место на Општина Гази Баба.. Архивирано од изворникот на 2009-02-11. Посетено на 2009-02-07.
  2. Трајановски Коце на страницата на ВМРО-ДПМНЕ. Архивирано од изворникот на 2009-03-05. Посетено на 2009-02-07.
  3. Трајановски Коце на мрежно местото на ВМРО-ДПМНЕ. Архивирано од изворникот на 2009-03-05. Посетено на 2009-02-07.
  4. 4,0 4,1 Дискусиите за децентрализацијата нема да се лимитираат[мртва врска]
  5. Коце Трајановски, новиот Градоначалник на Град Скопје
  6. „Официјален портал на град Скопје“. Архивирано од изворникот на 2011-02-15. Посетено на 19 декември 2010.