Сојуз на комунистите на Македонија
- За историјата на партијата СКМ по 20 април 1991 година, видете Социјалдемократски сојуз на Македонија.
Сојуз на комунистите на Македонија | |
|---|---|
| Водач | Лазар Колишевски (прв) Петар Гошев (последен) |
| Основана | 19 март 1943 |
| Распуштена | Правно не е распадната. Сè уште постои под името СДСМ |
| Претходник | Регионален комитет на комунисти во Македонија |
| Штаб | Скопје, СР Македонија, СФР Југославија |
| Идеологија | Комунизам Марксизам – ленинизам Титоизам |
| Полит. положба | Лево крило |
| Бои | Црвена, златна |
| Знаме | |
| Политика на Македонија Политички партии Избори Македонски огранок на Сојузот на комунистите на Југославија | |
Сојуз на комунистите на Македонија (СКМ) — македонски оддел на Сојузот на комунистите на Југославија, владејачката партија во СФР Југославија во текот на нејзиното постоење. До април 1952 го носи називот „Комунистичка партија на Македонија“ (КПМ).
Историја
[уреди | уреди извор]КПМ е основана на 19 март 1943 година во Тетово. Нејзиниот прв Централен комитет бил во состав: Лазар Колишевски (политички секретар), Мара Нацева (организациски секретар), Цветко Узуновски, Кузман Јосифовски - Питу, Страхил Гигов и Бане Андреев. Првиот конгрес на КПМ се одржал во 1948 година.
Плурализам
[уреди | уреди извор]Со воведувањето на партискиот плурализам, СКМ го менува своето име во СКМ - Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП) и под тој назив учествува на првите повеќепартиски избори во Република Македонија во 1990 година. Истовремено, ја менува својата комунистичка идеологија со социјалдемократска. На својот конгрес од април 1991 СКМ - ПДП повторно го менува своето име во Социјалдемократски сојуз на Македонија, СДСМ. Мал дел од членството на СКМ-ПДП се отцепил од матичната партија и ја задржал комунистичката идеологија, или барем комунистичкото име.
Конгреси на СКМ (КПМ)
[уреди | уреди извор]Секретари на СКМ (КПМ)
[уреди | уреди извор]| Име | Слика | Период на функција |
|---|---|---|
| Лазар Колишевски | 19 март 1943 – 3 јули 1963 | |
| Крсте Црвенковски | 3 јули 1963 – 24 март 1969 | |
| Ангел Чемерски | 24 март 1969 – 8 мај 1982 | |
| Крсте Марковски | 8 мај 1982 – 5 мај 1984 | |
| Милан Панчевски | 5 мај 1984 – 10 мај 1986 | |
| Јаков Лазароски | 10 мај 1986 – 27 ноември 1989 | |
| Петар Гошев | 27 ноември 1989 – 20 април 1991 |
Галерија
[уреди | уреди извор]- Дел од делегатите на I конгрес на КПМ, одржан на 20 декември 1948 година, Скопје.
- Дел од делегатите на II конгрес на КПМ, одржан на 29 мај 1954 година, Скопје.
- Дел од делегатите на III конгрес на КПМ, одржан на 22 јуни 1959 година, Скопје.
- Земјотресот во Скопје од 1963 година: Зградата на ЦК на КПМ
Наводи
[уреди | уреди извор]| Оваа статија историјата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |