Александар Урдаревски
Александар Урдаревски | ||
Роден на | 1920 година | |
Роден во | Чучер, Скопје, Македонија | |
Починал на | 1 февруари, 1943 година | |
Починал во | Градец, Косово | |
Член на КПЈ од | крај на 1939 година
| |
Во НОВ | Македонија и Србија | |
Александар Урдаревски, познат како Станко или Санде, (20 јануари 1920 во Чучер, Скопско — 1 февруари 1943 во Липљан, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, македонски комунист и учесник во НОБ. Прогласен е посмртно за народен херој во 1951 година. Неговото родно село е именувано „Чучер-Сандево“ по него.
Животопис[уреди | уреди извор]
По завршувањето на основното образование во Скопје, завршил средно земјоделско училиште во Неготин и студирал на Земјоделскиот факултет во Белград. Во 1938 година станал член на СКОЈ, а во 1939 година на КПЈ.
Учество во НОБ[уреди | уреди извор]
По капитулацијата на Југославија во Втората светска војна ги прекинува студиите и се враќа во Скопје. Се поврзал со организацијата на КПЈ во Скопје и работел на организирањето на народно-ослободителното движење во Скопско. Во август 1941 година заминува во Првиот скопски партизански одред. Во 1942 година се бори во Вториот скопски партизански одред, каде што е заменик-командант и командант. Во 1943 командува со Скопско-косовскиот партизански одред. Убиен е во битка со италијанско-албанските чети.[1].
За народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 година.[2]