Група Чкатров - Ѓузелов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лево на десно: Антон Козаров, Министерот за внатрешни работи Петар Габровски, Димитар Чкатров, Петар Думев, Димитар Ѓузелов

Групата Чкатров - Ѓузелов се состоела од македонска интелигенција со бугарска национална определба. Групата соработувала со бугарската администрација во Втората светска војна. Тие настојувале да ги наметнат со своите ставови кај бугарските окупаторски власти и да ги реализираат своите идеи, меѓутоа останале разочарани од односот на бугарскиот држава, која единствено гледала како да ги искористи нив за своите окупаторски цели, воопшто не обрнувајќи внимание на нивните ставови кои биле во спротивност со политиката на Бугарската влада.

Групата имала бугарска национална определба и врз таа основа ја остварувале соработката со Бугарската влада. Го прифаќале бугарскиот карактер на македонскиот народ, меѓутоа иднината на Македонија ја гледале во прогласувањето на автономна или независна македонска држава под протекторат на Третиот Рајх. Македонската држава требало да има бугарски карактер, а нејзиниот официјален јазик требало да биде бугарскиот литературен јазик [1]. По истакнати членови на групата биле: Димитар Чкатров, Спиро Китанчев, Димитар Ѓузелов и други.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА, СКОПЈЕ 2008