Охрана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Централен бугаромакедонски клуб или „Охрана“ — националистичка бугарска организација која постоела во текот на Втората светска војна од 1942 до 1944 година. Делувала кај локалното македонско население од западна Егејска Македонија, потпомогната од тамошните бугарофили.

„Охрана“ е формирана од бугарскиот офицер Андон Калчев, кој бил роден во село Жужелци, Костурско, со цел создавање на услови во овој дел на Македонија за потпаѓање под власта на Царството Бугарија. Западниот дел од Егејска Македонија, односно југозападниот дел на Македонија (во етнички и географски граници) била спорна територија помеѓу Кралството Италија и Бугарија. Бил постигнат договор според кој оваа територија подпаднала под власта на Италија, меѓутоа бугарските власти не биле задоволни од таквата поделба и сакале овој дел на Македонија да се најде под бугарска окупација. Отука бугарските власти, преку „Охрана“ сакале да извршат притисок врз италијанските власти и да создадат услови за присоединување на овој дел од Македонија под бугарска власт. Треба да се истакне на 12 март 1943 година во Костур пристигнува генерал Џузепе дел Џудиче со наредба на италијанската команда за вклучување на италијански војници за помош на „Охрана“.[1] По капитулацијата на Италија во текот на летото на 1943 година, италијанската зона е окупирана во есента од германците. Со помош на германските власти ротите на Охрана се реорганизирани во територијална одбрана и се превооружени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Национално-ослободителните борби на македонските и тракиските Бугари ", издавачка куќа на Македонскиот научен институт, гр. Софија, 2004, том 4, 1919-1944 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]