Партизанска печатница „Гоце Делчев“

41°37′03.2″N 20°35′22.6″E / 41.617556°N 20.589611°E Партизанската печатница „Гоце Делчев“ — поранешна нелегална партизанска печатница и сегашен меморијален музеј со амбиентално уредена постојана изложба.
Историја
[уреди | уреди извор]Во перидот од ноември 1942 до јуни 1943 година работела во селото Битуше. Во почетокот на јуни 1943 година била пренесена во базата на планината Лопушник.[1]
По ослободувањето на Вардарска Македонија биле извршени конзерваторско-реставраторски работи на куќата во која била сместена, а нејзиниот внатрешен дел бил преуреден како постојана историска и етнолошка поставка во 1961 година. Оригиналната дрвена печатница по ослободувањето од Светозар Вукмановиќ – Темпо била однесена во Воениот музеј во Белград, каде што се наоѓа и денес.
Дејност
[уреди | уреди извор]Во неа биле печатени разни материјали, брошури, билтени, извештаи и слично, за потребите на Централниот комитет на КПМ, Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија и воопшто за Македонското народноослободително движење.
Изданија
[уреди | уреди извор]
- „Македонски народно-ослободителни песни“, Том I, јуни 1943 година
- „Прогласот до македонскиот народ“, август 1943 година[2]
- „Македонски народно-ослободителни песни“, Том II, август 1943 година[3]
- Првите броеви на „Нова Македонија“, „Македонка“ и „Млад Борец“[4]
- „Илинденски Пат“
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Битуше
- Лопушник
- Македонија во Втората светска војна
- Ѓурѓа Божиновска
- Зорка Божиноска - Николоска
- Илка Василеска
- Селвија Гавриловска
- Дилба Ефтимова
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Митре Инадески, Илегалните техники во Македонија во времето на НОВ, Скопје, 1961
- ↑ Порта.мк (8 февруари 2019). „Древна фотографија од „печатница" користена во Лопушник Кичевско 1943 година“. Порта.мк.
- ↑ Посмртно издадено во чест на Кочо Рацин
- ↑ Антропол (6 ноември 2023). „На денешен ден проработува првата партизанска печатница „Гоце Делчев" во Македонија“. Антропол.
|