Прејди на содржината

Црква „Св. Петар и Павле“ - Тресонче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Петар и Павле

Поглед на црквата „Св. Петар и Павле“ во Тресонче

македонска православна црква
ЕпархијаДебарско-кичевска
Архијерејско намесништвоДебарско
ПарохијаДебарско-реканска
Местоположба

Карта

Координати41°33′40″N 20°43′18″E / 41.56111°N 20.72167°E / 41.56111; 20.72167
МестоТресонче
ОпштинаМаврово и Ростуше
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителАпостол Петар и Апостол Павле
Изградба1844
Живопис1845, 1846 и 1851 година
КтиторСарџо Брадиноски
ЗографДичо Зограф и Аврам Дичов
Архитектонски опис
Архит. типтрикорабна бескуполна базилика

Црква „Св. Петар и Павле“ - Тресонче — најстара и главна селска црква во дебарското село Тресонче. Се наоѓа сретсело, па претставува главен православен храм во селото. Црквата претставува пример на типична селска црква која со својата големина ги задоволувала потребите на верниците.

Историја

[уреди | уреди извор]

Соѕидана е во 1844 година по една голема пауза при градењето (најверојатно од околу десетина години), односно додека ктиторот Сарџо Брадиноски бил на заточение во Призрен. Храмот е добро сочуван и повремено служи и за вршење литургии (на Петровден). По содржина црквата претставува најосновен облик на христијанска трикорабна бескуполна базилика.

Во април 2012 година во црквата е извршена кражба при што биле украни два сребрени крста, позлатено Евангелие и околу седум илјади денари.[1][2]

Во февруари 2013 година се случил најголемиот грабеж на црквата, кога биле одземени пет големи и 27 мали икони, дела на тресонечките зографи, оставајќи ја црквата без своето највредно богатство.[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Украдени сребрени крстови и пари од црквата во село Тресонче“. МТВ. 12 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-04-21. Посетено на 13 април 2012.
  2. „Украдени сребрени крстови од црквата во Тресонче“. Нова Македонија. 12 април 2012. Посетено на 13 април 2012.
  3. „Во Тресонче украдени 32 вредни икони“. mkd.mk. 27 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 5 декември 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]