Куќа – сопственик Јован Муратовски (Галичник)
Изглед
Куќа на Јован Муратовски | |
---|---|
Културно добро на Македонија | |
Адреса | Чучка Маало, Галичник |
Општина | Маврово и Ростуше |
Број | [1] |
Запис на НИСКН |
Куќата на Јован Муратовски ― историска куќа во сопственост на галичкото семејство Муратовски која е заведена како културно наследство на Македонија.
Историја
[уреди | уреди извор]Куќата започнала да се гради во 1927 година, а била вселена следната година. Била изградена од тајфа на мајстори (улуфи) од селото Луково. Оваа куќа била последна што ја направила таа тајфа, а како белег за тоа е исклесаниот чекан во последниот камен на ѕидот на куќата.
Куќата била подигната откако старата куќа на семејството Муратовски била ограбена и запалена во 1920 година, а синот на Јован, Моне, бил одведен од арнаутската банда, која го вратила Моне дури после една година (есента 1921 година).