Прејди на содржината

Куќа – сопственици Петре и Миле Желчевски (Галичник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Петре и Миле Желчевски
Културно добро на Македонија
АдресаДолно Маало, Галичник
ОпштинаМаврово и Ростуше
Број[1]
Создадено1909; пред 116 години (1909)
Запис на НИСКН

Куќата на Петре и Миле Желчевски ― историска куќа во сопственост на галичките семејства Желчевски и Граорковски која е заведена како културно наследство на Македонија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Куќата на каирските печалбари Петре и Миле Желчески била изградена 1909 година од нивниот татко Трпко. Во неа биле родени и израснати голем број на членови од фамилијата Желчески, но посебно треба да се истакне Ристо Желчески кој бил првиот дипломец на економски науки на факултетот во Сорбона.[1]

Особености и градба на куќата

[уреди | уреди извор]

Градбата претставува камен кубус кој изникнува од стрмниот терен. Куќата во основа е со димензии 13 × 10,5 м и била развиема во висина од три ката, при тоа е користена конфигурацијата на теренот за да се вклопат, сутеренот, приземјето и катот. Така се создадени четири влеза, од кои два се створени од камени монументални портали. Во конструктивна смисла објектот примарно е граден од носиви камени ѕидови д=90 см, делумно бондрук констркција со ѕидови болме д=15 см, дрвена меѓукатна и таванска дрвена конструкција. Во куќата се среќава јасна издиференцираност во функционална смисла на просториите. Во сутеренот се наоѓаат две бакалници - продавници за секој брат по една, по еден клед и дрвени скали за приземје. Со оглед дека објектот е граден во него да живеат двајца браќа со фамилиите на приземјето и катот ги има следните простории: Во приземјето од заедничката ѓезентија (ходник) се влегува во две куќи (кујните) со камини - две одајчиња и заедничката трпезарија за зеднички дружби на двете фамилии, на катот се наоѓаат две спални соби, ѓезентија, мал параклис и најмногу што импресионира големиот заеднички чардак 4 × 13 м со два влеза и 12 прозори. На фасадата околу целиот чардак се поставени дрвени штици - перде кои кореспондираат со каменот.[1]

  1. 1,0 1,1 Изјава на Коста Граоркоски - архитект и еден од сопствениците. Датум на извор: 4 декември 2021. Пристапено на 12 декември 2021.

Координати: [http:https://geohack.toolforge.org/geohack.php?pagename=%D0%9A%D1%83%D1%9C%D0%B0_%E2%80%93_%D1%81%D0%BE%D0%BF%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%B5_%D0%B8_%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B5_%D0%96%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8_(%D0%93%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8%D0%BA)&params=41_35_32.884_N_20_39_00.868_E_{{{9}}} 41°35′32.884″N, 20°39′00.868″E]