Црква „Св. Илија“ - Селце
Свети Илија | |
Поглед на главната селска црква „Св. Илија“ во Селце | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Дебарско |
| Парохија | Дебарско-реканска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Селце |
| Општина | Маврово и Ростуше |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Изградба | XIX век |
| Завршено | XIX век |
| Архитектонски опис | |
Црква „Свети Илија“ - Селце — главна селска црква во селото Селце, во Општина Маврово и Ростуше. Се наоѓа на самото сретсело во селото, покрај една од селските чешми, како и до самиот извор на Селечка Река.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата потекнува од XIX век. На црквата имаат работено Дичо Зограф и неговиот син Аврам Дичов.
Дичо целосно го има изработено самиот фрескоживопис со сцените од Стариот завет, кој потекнува од 2 мај 1864 година. Покрај фрескоживописот, Дичо го изработил и целокупниот иконостас, кој бил завршен во 1866 година.[1]
Грабежи
[уреди | уреди извор]Црквата била ограбувана неколкупати, како дел од акциите на крадци кои пустошеле низ мијачките села. Била ограбена во текот на октомври 2012 година, заедно со црквите во соседните села Тресонче и Росоки.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Поглед на предната страна на црквата
- Влезот на црквата
- Предната страна на црквата
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданова Коцевски, Викторија (10 октомври 2008). „ИКОНОПИСНОТО ТВОРЕШТВО НА ДИЧО ЗОГРАФ ВО СКОПЈЕ И СКОПСКИОТ РЕГИОН“. ПРЕМИН. Скопје: МПЦ - ОА. Посетено на 29 ноември 2015.
- ↑ „Ограбени цркви во реканскиот крај“. Нова Македонија. Скопје: Репро Принт. 27 октомври 2012. Посетено на 21 ноември 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Илија“ - Селце на Ризницата ?
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Дебарско-кичевската епархија
- Цркви во Дебарското архијерејско намесништво
- Дебарско-реканска парохија
- Цркви во Општина Маврово и Ростуше
- Селце (Ростушко)
- Културно наследство на Македонија во Општина Маврово и Ростуше
- Храмови посветени на Свети Илија во Македонија
- Дела на Дебарската школа


