Преспанско советување на ЦК на КПМ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Преспанско советување на ЦК на КПМ
Дел од делегатите на Преспанското советување
Учесници членовите на ЦК на КПМ
Место Отешево
Датум 2-4 август 1943

Преспанско советување на ЦК на КПМ (2-4 август 1943 година) е втор состанок на Централниот комитет на КПМ, одржан во Преспа, во непосредна близина на село Отешево. Учествувале членовите на ЦК на КПМ Кузман Јосифоски - Питу, Цветко Узуновски - Абас, Страхил Гигов - Андро, инструкторот на ЦК на КПЈ во Македонија, Добривое Радосавлевиќ - Орце, подоцна се приклучил и Светозар Вукмановиќ - Темпо, делегатот на ЦК на КПЈ и на ВШ на НОВ и ПОЈ во Македонија.

Одлуки[уреди | уреди извор]

Споменикот на Преспанското советување.

Биле донесени одлуки за прераснување на партизанските одреди во воени единици, за интензивирање на изградбата на народната власт, организационо зајакнување и проширување на организациите на КПМ и СКОЈ, за усвојување платформа на НОВ на Македонија [1].

Споменик[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во близина на раселеното село Отешево, во непосредна близина на брегот на Преспанското Езеро. Споменикот е изграден од армиран бетон. Состојбата на споменикот е лоша, бидејќи никој не го одржува и посетува.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Владо Иваноски, Преспанскиот состанок на ЦК КПМ од август 1943, посебно издание, Скопје, 1983
  2. Митаноски, Веле. „Репортажа Преспанско Езеро - жални остатоци од некогашниот втор туристички центар“, „Утрински весник“, МПМ Македонија, 8 август 2014 (посет. 30 октомври 2016 г). (на македонски)