Бугарска окупација на Македонија во Втората светска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Царството Бугарија во Втората светска војна

Бугарска окупација на Македонија во Втората светска војна се однесува на управувањето на Царството Бугарија со Вардарска и Егејска Македонија.

1941[уреди | уреди извор]

Завладување на Вардарска Македонија[уреди | уреди извор]

Окупирана Македонија:
Административна карта на Бугарија за време на ВСВ.

На 6 април 1941 г. Германија и Италија ја нападнале кралска Југославија, која била поразена за десет дена. Бугарија не учествува во воените дејствиjа. Германците на 18 април ја поканиле Бугарија да ја преземе контролата врз дел од територијата на Вардарската Бановина. Уште пред нивното влегување во Вардарска Македонија, власта во поголемите градови е преземена од Бугарските акциони комитети.

Комитетите организираат свечени дочеци на бугарската војска, коja навлегува во Кралството Југославија на 19 април 1941 година.[1][2] Секретарот на Покраинскиот комитет на КПЈ, Методија Шаторов - Шарло, ја издига паролата за создавање на национален фронт со сите противници на големосрпскиот режим, а Покраинскиот комитет доброволно се приклучил кон Бугарската работничка партија (комунисти). 12,000 македонски воени заробеници биле ослободени со помошта на комитетите. Под нивниот притисок започнува протерување на српските колонисти од регионот.

На 19 април 1941 година, при навлегувањето на бугарските единици во Струмица, Месниот комитет на КПЈ и Клубот на есперантистите организирале масовни демонстрации со учество на неколку илјади граѓани. Пред седиштето на есперантистите се собрало маса граѓани и во поворка тргнале по улиците на Струмица. Носејќи ја картата на Македонија ги извикувале паролите Македонија на Македонците, Да живее слободна Македонија, Долу шпиони.[3]

На 1 мај 1941 г. во центарот на Скопје, на така наречената дивизиска зграда, било истакнато македонско црвено знаме.

Во текот на мај 1941 г. месните комитети на КПЈ во Прилеп, Битола, Скопје и во други градови организирале ослободување на видни патриоти од затворите, ги отворале државните магацини од кои стоката ја криеле во скривниците, се организирало криење на војници и на офицери од кралската југословенска војска, како и на македонски патриоти за да не одат во заробеништво.

Завладување на Егејска Македонија[уреди | уреди извор]

На 6 април, Нацистичка Германија започнала напад врз Грција, која била разбиена и окупирана до 30 април. На 13 април Адолф Хитлер ја објавил директива бр 27, која предвидувала идната окупација на Грција. На 20 април 1941 година Втора бугарска армија влегла во Беломорска Тракија и во источниот дел од Егејска Македонија, односно на територијата меѓу реките Струма и Марица. На исток од Струма, вклучувајќи го стратешкиот важен град Солун се утврдиле германски окупаторски сили, како и на запад од реката Марица, каде што се утврдува демилитаризирана зона на границата со Турција. Германски војници влегле и во градот Лерин , иако фашистичка Италија и Бугарија го оспориле таквиот чин. По излегувањето на Италија од војната во летото 1943 година, бугарски сили ги зазеле и централните делови на Егејска Македонија со Солунско (без самиот град) и полуостровот Халкидики.

Договори и спогодби[уреди | уреди извор]

Меѓу 21-22 април се одржила конференција во Виена меѓу Јоаким фон Рибентроп и грофот Галеацо Чано, на која е одредена демаркационната линија помеѓу Бугарија и италијанскиот протекторат Албанија. Италијанската окупаторски зона ги вклучувала градовите Тетово, Гостивар, Струга, Дебар и Кичево, вкупно 4 314 km2 со 232 000 луѓе, а Бугарија - Охрид и Ресен. На 10 јули избувнувал спор меѓу Бугарија и Италија за рудникот крај Љуботорн, по интервенцијата на Германија рудникот останува во рамките на Бугарија. На 12 август 1941 година демаркационната линија помеѓу Бугарија и Албанија претрпува промени, Бугарија го добила Пештани. Сепак, Италија бара Германија да давате Солун на Бугарија.

На 24 април 1941 година Бугарија и Германија тајно го склучуваат договор Клодиус-Попов, со кој се дало неограничено право на Германија да ги експлоатира природните суровини во Македонија, а Бугарија се ангажирала да ги исплати трошоците на германските воени објекти, да ги плаќа финансиските обврски на Југославија кон Германија. Со овој договор првата на Бугарија биле ограничени.

Администрација[уреди | уреди извор]

Бугарија го воведува бугарско законодавство и утврдува три административни центарот - Битола, Скопје и Скеча. Се обновуваат некогашните епархиите на Бугарската Егзархија и бугарските училишта. Владата презема активности за поддршка на враќањето на бегалците од Македонија и Тракија во нивните родни места. Во Вардарска Македонија во реонот на Скопска област влегуваат 15 околии: Скопска, Беровска, Бояновска, Велешка, Вранска, Качанишка, Кочанска, Кривопаланска, Кумановско, Кратовска, Радовишка, Струмичка, Светиниколска, Сурдулишка и штипскиот. Од август 1941 година се приклучат уште 3 околии - Гевгелиско, Кавадарска и Неготинска.

По организирањето на административната власт се започнало со создавање и на други институции: граѓански судови, обласна финансиска дирекција (Сметна палата), централно комесарство за снабдува|мини|лево|150п| инспекциски служби и слично. Во административно-политичкиот систем во спроведувањето на новата бугарска власт значајна улога имале и институциите кметство и кметско намесништво (старешина на селото - определен од власта), како органи на централната власт во Софија.

Германска и Бугарска војска во окупирана Македонија

Раководниот кадар и најголемиот дел од службениците биле регрутирани од Бугарија. Заедно со воено-полициската администрација од Бугарија пристигнале и голем број на службеници, сите тие заедни ја претставувале главната потпора на бугарската власт во Македонија. Со оваа политика на Царството Бугарија покажало дека немаа доверба во македонското население. Оделни пратеници во бугарското Народно собрание побарале бугарската влада да преземе мерки против манифестирањето на македонската национална самобитност. Бугарското собрание побарало за Македонците да се употребува терминот Бугари од Македонија, а не Македонци.

Иако Македонија била анектирана од страна на Бугарија, бугарските власти се стремеле да остават впечаток дека не се создава посебна окупаторска власт во Македонија. Меѓутоа бугарските власти донеле посебни закони врз основа на кои се спроведувал окупацискиот систем:

Закон за заштита на државата донесен од 26 јануари 1941 година.
Закон за брзо уредување на неодложните прашања во ослободените земји од 30 март 1942 година.

Врз основа на првиот закон, бугарската влада на Филов создала посебен режим за окупираниот дел во Македонија, додека со другиот закон бугарската влада на македонското население му наметнало посебн кривично-правен ред кои важел само за новоосвоените делови од Македонија. Мерките и системот на иследната постапка по овој закон отстапувале од тогашните законски прописи во Бугарија. Отука, во Македонија постоеле и дејствувале воени судови, со проширени компетенции за судењето на кривични дела и на граѓански лица од окупираниот дел на Македонија.

Денационализаторска политика[уреди | уреди извор]

Бугарската влада настојувала окупацијата на Македонија да ја претстави како природно проширување на бугарската територија, како преземање на свои национални територии. Отука бугарските власти презеле повеќе дејности во разни правци. Покрај административниот апарат бил создаден и голем пропаганден систем во Македонија.

Бугарската влада донела акт за промена на националноста на македонскиот народ во бугарска. Овој едностран акт имал за цел пред јавноста на Бугарија и нејзините сојузници да се оправда окупацијата. Негирањето на македонската националност се спроведеувала и од разни културни институции, кои сакале македонскиот народ да го прикажат како бугарски. Под особен силен притисок била изложена македонската младина. Училишниот систем во Македонија бил најорганизираниот дел од бугарската денационализаторска политика. Во Македонија бил создаден широк систем на училишни институции.

Во училишната мрежа биле опфатени речиси сите поголеми населени места во Македонија. Во учебната 1941/1942 година биле отворени 800 основни училишта, 180 осмолетки, 10 полни и 7 неполни гимназии. Во учебната 1941/1942 година бугарските власти се обиделе да отворат универзитет во Скопје, а преку него требало да се создаде кадар кои подоцна би ја ширел бугарската национална свет меѓу македонскиот народ, меѓутоа универзитетот бил отворен во учебната 1943/1944 година. Поголемиот дел од просветниот кадар бил донесен од Бугарија, а за назначување на учители - Македонци требало гаранција од полициските власти за благонадежност. Во училиштата биле создадени специјални наствани програми. Речиси целата настав била сведена на изучување на таканаречените групни предмети по б’лгарознание, во која спаѓале: бугарски јазик и бугарска национална историја. Голем број на научни институции, кои биле под контрола на Дирекцијата за национална пропаганда на чело со Никола Коларов, се обиделе на разни начини сред македонските средини да докажат дека Македонија е бугарска земја, а Македонците се Бугари.

Со помошта на поранешни активисти на ВМРО и БАК, Бугарските властите масовно ги депортирале српските колонисти од земјава. Од 25 000 Срби во Скопје, останале само 2 000 души

1942-43[уреди | уреди извор]

Пробугарски организации[уреди | уреди извор]

Бугарската влада за да си создаде потпора во оној дел од Македонија кој се наоѓал под нејзина власт, дозволила да се формираат фашистичките и националистичките организации: Браник, Отец Пајсиј, Сojуз на бугарските национални легиони, Рaтник, Војници од фронтот, Ополченци, Сojуз на резервните офицери, Јунак, Труд и радост и други

Во 1941 година егзистирале 40 организации со свои клонови низ сите места на Македонија. Бугарската влада сакала да ги искористи и учесниците во Илинденското востание, но во голема мера во тоа не успеала.

Во 1943 година бугарската влада на Божилов ја создала организацијата Општествена сила. Таа имала за цел да го придобие македонскиот народ зад бугарската влада и нејзината политика, да развива посебна активност сред македонските средини, тие на Бугарија да гледаат како на ослободител и соработка меѓу нејзините групи за дејност против македонското ослободително движење.

Групата Чкатров - Ѓузелов била загрижена за развојот на македонското националноослободителното движење под бугарка окупација, отука тие настојувале да изнајдат начини и средства за попречување на ослободителната борба. На 4 и 5 јули 1942 година, оваа група подготвила барање до бугарскиот цар Борис ІІІ, во кое ги истакнале проблемите: распарченоста на Македонија, отсуство на македонски претсавници од Вардарска Македонија во бугарското собрание, аграрна реформа, пропустите на окупациските власти, нередот во снабдувањето, грубоста на полицијата, бирократското чиновништво и запоставувањето на домашната интелегенција. Оваа групација се залагала за воружувањето на оделни селани или цели села за борба со партизанските одреди. Тие биле иницијатори и зачетници за создавање на контрачетите.

Кирил Дрангов, син на Борис Дрангов и член на ВМРО на панахида на својот татко, Скопје, 1942 година

Михајловистите во април 1942 година го посетиле Ванчо Михајлов во Загреб. Бугарската влада за да го исползува тоа, посветила посебно внимание во контактите со него и во заживувањето на дејноста на неговите соработници. Михаиловистите честопати се јавувале како советодавни органи во врска со мерките кои бугарските власти ги преземале притив партизаните и ПК на КПЈ за Вардарска Македонија. Михаиловистите барале некои села да бидат воружени за борба против партизанските одреди. Михаловистите непосредно соработувале и со гереманските власти, а во 1942 година тие формирале бугарско-германски клубови. Михајловистите сметале дека со подршката на Германците ќе ја преземат сета власт во Македонија. Преку бугарско-германските клубови се пропагирал Националсоцијализмот, како и силата и величината на Нацистичка Германија. Овие клубови истовремено дејствувале како инструменти на Гестапо.

Во Егејска Македонија, бугарските фашисти како сојузници на Нацистичка Германија и Кралството Италија, успеале да организираат бугарски клуб во Солун уште во 1941 година, под раководство на Андон Калчев. Исто така тие добиле право да испратат свои офицери при штабовите во германските гарнизони во Солун, Воден, Лерин и Костур. Бугарската влада со ова добила можност, покрај окупацијата источниуот дел од Егејска Македонија, да ја шири бугарската национална свест сред Македонците од централниот и западниот дел на Егејска Македонија, прикажувајќи ги Македонците пред германските власти како Бугари.

Во текот на 1942 и 1943 година, Солунскиот клуб, познат како Централен бугаромакедонски клуб, од Солун успеал да ја прошири својата активност на цела Егејска Македонија,, Во текот на 1942 година овој клуб успеал да стекне влијание сред македонските средини. Солунскиот клуб и офицерите за врска ос германските штабови успеале еден дел од Македонците да ги зачленат во самиот клуб.

Со запишувањето во клубот, неговите членови, односно запишаните Македонци, добивале право за снабдување со храна и на тој начин членските карти на овој клуб станале регулатор на неофицијалниот купонски ситем во исхраната на населението. Во текот на 1943 година во Костурсо бил формиран клон на Солунскиот клуб под име Слобода или смрт на чело со Пандо Макриев. Овој огранок имала задача да се бори против единиците на ЕЛАС, меѓутоа тој егзистирал кратко време.

Депортација на Евреите од Македонија[уреди | уреди извор]

Урната од Скопје
Урната од Скопје
Урната од Битола
Урната од Битола
Урната од Штип
Урната од Штип
Во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје поставени се три урни со пепел на Македонските Евреи. Тие во Македонија се донесени во 1961 година и биле изложени во Битола, Скопје и во Штип. Од овие три града ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле собрани речиси сите Евреи од Македонија и кон крајот на март од скопскиот Монопол биле депортирани во логорот на смртта во Полска.[4]

Депортацијата на Евреите од Македонија претставува настан од Втората светска војна организиран од владите на фашистичка Бугарија и нацистичка Германија, со цел систематска елиминација на еврејското население од т.н. „новоослободени територии“ од страна на бугарската власт. Депортацијата на Евреите од Македонија претставува дел од депортација на Евреите од сите „новоослободени територии“ (Вардарска Македонија, Егејска Македонија, Поморавјето (Србија), и Тракија).

Сите Евреи од Македонија биле депортирани во логорот Треблинка во Полска, каде што биле задушени во гасни комори. Од Треблинка не се вратил никој. Не останал ниту еден сведок да прераскаже за стравотиите на уништувањето на еврејското население од Македонија. Документите се единствените сведоци за докажувањето на судбината на Евреите во Македонија.

Од Вардарска Македонија биле иселени над 7.000 Евреи, додека вклучувајќи ги и оние од Егејска Македонија и Тракија околу 11.400. Според податоци од октомври 1945 година, на територијата на денешна Македонија преостанале само 419 лица, чијашто заедница денес брои околу 200.

Повлекување на бугарската администрација и армија[уреди | уреди извор]

Во периодот од почеток на септември до крајот на ноември 1944 година во бугарската политика спрема Македонија, Тракија и Поморавјето настапуваат нагли и драматични пресврти кои се поврзани со воено повлекување и повторно воено навлегување во овие области.

На 26 август 1944, под закана на Црвената армија, владата на Иван Багрjaнов прогласила неутралност на Бугарија во однос на војната меѓу Германија и Советскиот Сојуз. Таа препорачала германските трупи да ја напуштат земјата, или да бидат разоружени. Бугарија ги прекинала дипломатските односи со Германија, и сакала официјално примирје со САД и Велика Британија и почнала повлекувањето на бугарските војници од окупираните територии во Југославија (Македонија и Србија) и Грција. Во овој период по консултации со Софија, Иван Михајлов пристигнал во Скопје со намера да прогласи создавање на Независна Држава Македонија, но се се откажал од таа идеја. Без оглед на овие околности, на 5 септември Советскиот сојуз објавил војна на Царството Бугарија. Сепак, новата влада на Константин Муравиев објавила војна на нацистичка Германија на 8 септември 1944 година, и истиот ден војниците на СССР навлегле во земјата.

На 6 септември 1944 година во штабот на Петтата бугарска армија била примена наредба сите делови да се соберат на 9 септември во Прилеп и да се движат источно од реката Вардар. Во меѓувреме, командантот генерал Александар Попдимитров склучил договор, на 7 септември 1944 година со германскиот штаб во Скопје, за „симболична војна“ на двете земји во Македонија. Ова негово дејствување ги деморализирало бугарските војници и одиграло фатална улога. Така започнало повлекувањето на Петтата бугарска армија од Македонија, што било дезорганизирано и хаотично и многу војници потпаднале под германско апсење. Само 17-та пешадиска дивизија, која е најблиску до бугарска граница успеала целосно да се повлече, а 15-та дивизија единствена се спротивставила и водела борби со Германците во Битола и Прилеп со поддршка на бугарската авијација, а потоа се повлекла во мали групи кон Бугарија. Македонците и нивните сојузници, југословенските партизани, без оглед на новата власт во Софија, се однесувале кон Бугарската држава како кон непријателска сила, имајќи го на ум фактот дека Бугарите биле сојузници на Фашистите.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Минчев, Д., Българските акционни комитети 1941, София, 1995.
  2. Протокол No 1 на учредителното събрание на местния български акционен комитет за град Струга и околията
  3. „Струмица и Струмичко низ историјата“ (1969), Манол Пандевски, стр. 404.
  4. Јовановска, Маја. „Урните со пепел на македонските Евреи жртви на Холокаустот на едно место“ (на македонски). Канал 5. http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=72369. посет. 10 јули 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]