Димитар Чкатров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Димитар Чкатров
Dimitar Chkatrov.jpg
Роден 1902 година
Прилеп, Македонија како дел од Отоманската Империја
Починал мај-јуни, 1945 година
Скопје, Македонија
Стрелан поради предавство и соработка со бугарскиот фашистички окупатор

Димитар Чкатров ( 1902 во Прилеп – починал во 1945 во Скопје) — член на ММТРО, ванчомихајловистичката ВМРО, МПО и претставник на бугарската фашистичка окупаторска власт во Македонија за време на Втората светска војна.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Лево на десно Антон Козаров (најлево означен со број 1), Димитар Чкатров (број 3), бугарскиот министерот за внатрешни работи Петар Габровски (број 2), Петар Думев (број 4), Димитар Ѓузелов (број 5) со нацистички поздрав го пречекуваат бугарскиот окупатор.

Студирал архитектура на Белградскиот универзитет и се вклучил во ММТРО. Бил уапсен и на судскиот Студентски процес во Скопје (1927 година), бил осуден на 10 години затвор. Пред Втората светска војна, заедно со Димитар Ѓузелов бил претставник на граѓанската опозиција која се залагала Македонија да биде федерална единица во Кралството Југославија. Во Втората свеетска војна се ставил во служба на бугарските окупаторски власти во Македонија,[1] за кои отварал читалишта и организирал културни клубови за ширење на пробугарска и профашистичка пропаганда.[2][3]

Рачно напишано признание од Димитар Чкатров, за неговата соработка со бугарскиот фашистички окупатор.

Поради својата предавничка дејност спрема македонскиот народ во 1945 година, бил осуден на смрт од Народниот суд и стрелан.[1][2][3]

Судење на пробугарските фашистички соработници и бугарски официри во Македонија, 1945. Од лево на десноː Ибраим, Димитар Чкатров, Димитар Ѓузелов, Панчев, Спиро Китинчев и Димитар Раев.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 1626. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
  2. 2,0 2,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 502. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. 3,0 3,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 355. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)