Боро Менков
Боро Менков (Куманово, 6 мај 1919 - кај с. Белановце, Кумановско, 14 октомври 1941) бил македонски комунист, учесник во НОВ. Прогласен е за народен херој на Југославија на 30 декември 1951 година.[1]
По занимање бил бербер. Бил истакнат синдикален активист и раководител на штрајкот на берберските работници во Куманово во 1936 година. Потоа заминал на работа во Крагуевац (1936-1938). Се лекувал во санаториумот во Касин Дол (јануари-февруари 1940), а потоа станал член на КПЈ (1940).
По окупацијата на Македонија бил еден од организаторите на НОВ во Куманово. На 12 октомври е назначен за командант на Карадачкиот партизански одред. Загинал два дена подоцна, на 14 октомври, во борба со бугарската војска и полиција, при разбивањето на одредот.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 939 стр.