Лиман Каба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Liman Kaba, foto.jpg
Роден 1924
Дебар
Починал 17 април 1945
Банова Јаруга
Биста на Лиман Каба во Дебар

Лиман Каба (Дебар, 1924 - Банова Јаруга, Славонија, 17 април 1945) бил учесник во НОВ, народен херој на Југославија.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Лиман Каба бил роден во Дебар, во многудетно сиромашно семејство.[2] Откако завршил основно училиште во Дебар, по Априлската војна (1941) учел во гимназијата во Приштина, каде што дејствувал и на организирањето на антифашистичката младина, поради што двапати бил апсен (во 1942 година).

Учество во НОБ[уреди | уреди извор]

Избегал од Приштинскиот затвор и се вратил во Дебар, дејствувајќи како организатор на народноослободителното движење. Неговата куќа била центар за илегалните партиски состаноци на активистите на КПЈ и во нивната куќа Кузман Јосифовски - Питу го формирал Месниот комитет на КПЈ во Дебар.

Од економски причини, во февруари 1943 отишол во Тирана. Во мај истата година станал борец на албанскиот партизански одред „Дајти“. Извесно време со партизанската единица престојувал во Дебарско и на теренот на Пешкопеја.

По капитулацијата на Италија (на 8 септември 1943) пристигнал во слободниот Дебар и бил назначен за заменик политички комесар на чета при Командата на градот, а потоа при формирањето стапил во Четвртата македонска (албанска) бригада (26 август 1944). Подоцна истата година бил примен за член на КПЈ. Како заменик политички комесар на баталјон на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ загинал во борба со четнички сили на Сремскиот фронт во западна Славонија.

На 8 октомври 1953 година е прогласен за народен херој на Југославија.[3]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Садо Хаме, „Лиман Каба“, Скопје, 1978 (на албански)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 655 стр.
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 205
  3. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 209