Чеде Филиповски - Даме

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Чеде Филиповски)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Čede Filipovski.jpg
Роден 16 ноември 1923
Никифорово, Гостиварско
Починал 26 јуни 1945(1945-06-26) (воз. 21 г.)
Радовиш
Занимање партизан
Сопружник Жамила Колономос


Чеде Филиповски - Даме (Никифорово, Гостиварско, 16 ноември 1923 - 26 јуни 1945 во Радовиш)[1] — македонски комунист, учесник во НОБ. Прогласен е за народен херој на 1 август 1949 година.

Бил ѕидарски работник во Белград. По Априлската војна во 1941 се вратил во Македонија. Бил еден од организаторите на НОВ во Мавровскиот крај, член на КПЈ и на МК на КПЈ (1941), член на РК на КПЈ за Маврово и раководител на Воениот штаб (1942), секретар на Околискиот комитет на КПМ (1943), заменик политички комесар во Мавровско-гостиварскиот партизански одред, командант на баталјон и заменик-командант на бригада (1943), заменик-командант и командант на Четириесет и осмата македонска девизија (1944). Посебно се истакнал во борбите за Кичево, Дебар, Кленоец, Пресека, Дебарца и Локов. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. Загинал кај Радовиш на 26 јуни 1945 година во сообраќајна несреќа, при судар на неговиот мотоцикл со автомобил од Штип за Струмица.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Училишта наречени во чест на Чеде Филиповски:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, 1551-1552 стр.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Александар Филиповски - Ацо „Чеде Филиповски - Даме: народен херој на Македонија“, Скопје, 2014.