Рампо Левков - Левката

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Рампо Левков)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Rampo Levkov.jpg
Роден 9 јануари 1909
Прилеп, Македонија Македонија
Починал 19 септември 1942(1942-09-19) (воз. 33 г.)
Дабница, Македонија Македонија
Националност Македонец
Биста на Рампо Левков - Левката во Прилеп

Рампо Левков - Левката (Прилеп, 9 јануари 1909 - Дабница, Прилепско, 19 септември 1942) бил македонски комунист, учесник во НОВ, народен херој.

Биографија[уреди | уреди извор]

Рампо Левков бил роден во 1909 година во Прилеп. Дедо му држел кафеџилница и берберница, а татко му имал грнчарница во Прилеп.[1] Основно образование и гимназијата завршил во Прилеп, а во 1929 година се запишал на Правниот факултет во Белград, каде студирал вонредно. И покрај материјалните тешкотии, го завршил за пет години. Во 1935 година заминал на отслужување на воениот рок во Валлјево, а откак осе вратил во Прилеп, се вработил како волонтер во Прилепскиот суд.[2] Планирал да се кандидира за претседател на општината, но според законските прописи, не го исполнувал условот за старост, односно, имал под 30 години.[3] Сепак, зел активно учество во составување на списокот на кандидати од граѓанската независна листа, и активно им помагал на сограѓаните при составување на жалби, молби и тужби. Пред денот на гласање, полицијата го уапсила него како и Трајко Бошковски - Тарцанот.

По изборите полицијата често му упаѓала дома, барајќи причини за да го уапси.[4] Во 1940 година, Рампо Левков бил испратен во Ужице, во неофицијален лого за сомнителните. Таму ја дочекал капитулацијата на Југославија, по што се вратил дома.

Учество во НОБ[уреди | уреди извор]

Поради својот револуционерен дух, често бил затворан. Од есента 1941 година, живее и дејствува полуилегално и со голем успех работи на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ. Во меѓувреме полагал адвокатски испит, а месниот комитет на комунистичката партија сметал дека ќе е од полза доколку отвори самостојна адвокатска канцеларија, која би се користела за курирски врски со селата и со партизанскиот одред. Така и се случило.[5]

Во декември 1941 година, Пенко Здравковски, кој бил раководител на партиската ќелија во која членувал Левката, побарал од Рампо Левков да напише нешто во стих. Тогаш Рампо Леквов ја составил баладата од 170 стиха „Бабуна“, која наредниот ден била размножена и делена меѓу народот,[6] а во мајскиот број во 1942 година на „Народен глас“, песната била ставена на насловната страница.

На 14 септември 1942 година, по разбивањето на партизанскиот одред на планината Мукос, бугарската војска го уапсила Рампо Левката, заедно со уште дваесетмина. По долгото мачење, осумнаесетмина биле стрелани од страна на бугарскиот окупатор, кај селото Дабница, прилепско, на 19 септември 1942 година.[7] Овој масакр е познат под името Дабнички маскар.

За народен херој бил прогласен на 11 октомври 1951 година.[8] Во негова чест, едно основно училиште во Прилеп го носи неговото име.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 199
  2. „Рампо Левката“, Old Prilep
  3. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 200
  4. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 200
  5. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 201
  6. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 201
  7. Vera Aceva, Borko Temelkoski (1978). Prilep i Prilepsko vo NOV 1942 godina: materijali od naučniot sobir održan na 13, 14 i 15 dekemvri 1976 godina. Kultura. 
  8. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 203