Васко Карангелевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Васко Карангелевски.jpg
Роден 7 јули 1921
Брусник, Битолско
Починал 3 февруари 1977(1977-02-03) (воз. 55 г.)
Македонски Брод
Васко Карангелевски

Васко Карангелевски (Брусник, Битолско, 7 јули 1921 - Македонски Брод, 3 февруари 1977) — македонски комунист, првоборец[1] и генерал-полковник на ЈНА. Прогласен е за народен херој на Југославија.

Пред Втората светска војна бил земјоделски работник. Во војната учествувал од 1941 г. Бил член на СКОЈ (1941) и член на КПМ (1943), командант на баталјон, заменик на командант на бригада, командант на бригада и командант на дивизија.

По Ослободувањето дипломирал на Воената академија „Ворошилов“ во СССР, на ВВА и на Курсот за оператика на ЈНА. Бил командант на дивизија, началник на штаб на корпус и на подрачје, началник на штаб на армиска област и командант на армија. Бил член на ЦК на КПЈ. Меѓу народот се памети како изразито про-македонски ориентиран.[се бара извор] Загинал во несреќен случај.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dane Petkovski, Vlado Strezoski (1983) (на српскохрватски). Borbena dejstva u zapadnoj Makedoniji 1941-1944 (Ratna prošlost naroda i narodnosti Jugoslavije издание). Vojnoizdavački zavod. 
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том I, стр. 672.