Ванчо Прке

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ВАНЧО ПРКЕВ
Vančo Prke.jpg
Роден на 1921
Роден во Серменин, кај Гевгелија,
Кралство СХС
Починал на 21 мај 1943
Починал во Градец, кај Виница,
Царство Бугарија
Професија техничар

Член на КПЈ од 1940
Учество во војни НОБ

Народен херој од 2 август 1949

Ванчо Прке – Сермен (с. Серменин, Гевгелиско, 1921 - над с. Градец, Кочанско, 21 мај 1943) бил македонски комунист, учесник во НОБ. Прогласен е за народен херој на Југославија на 2 август 1949 година.[1]

Во Штип завршил гимназија, а потоа студирал на Техничкиот факултет во Белград (од 1939), каде што станал член на КПЈ (во 1941). Напоредно со студиите, за Издавачкото претпријатие „Нолит“ преведувал руска литература. Пред фашистичката окупација се вратил во Македонија и бил еден од организаторите на НОБ во Штипско. Како член на Обласниот комитет на КПМ (1943) извесно време престојувал во Битола и Битолско и бил политички комесар на Битолско-преспанскиот партизански одред. Потоа пак се вратил во Штип (април 1943) и станал политички комесар на новоформираниот Плачковички партизански одред.

На 19 мај 1943 година тргнува со група партизани на Плачковица. Во подножјето на планината групата застанува да се одмори во една колиба. Тука на 21 мај ги стигнува потерата на бугарската полиција и ја опколува колибата. Во групата само тој има пушка, додека другите биле невооружени. Им наредува на останатите да се пробијат до планината, додека тој го заштитува нивното повлекување. Пукал во бугарските фашисти додека имал муниција, а потоа со последниот куршум во пушката тргнува на непријателот и во тој момент паднува погоден од митралески рафал.[2]

Во негова чест неколку училишта го носат неговото име.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1226 стр.
  2. ООУ „Ванчо Прке“ - Штип „За патронот“