Серменин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Серменин
Викиекспедиција Бојмија 103.jpg

Панорама на селото

Серменин is located in Македонија
Серменин
Местоположба на Серменин во Македонија
Координати 41°13′7.14″N 22°20′44.52″E / 41.2186500° СГШ; 22.3457000° ИГД / 41.2186500; 22.3457000Координати: 41°13′7.14″N 22°20′44.52″E / 41.2186500° СГШ; 22.3457000° ИГД / 41.2186500; 22.3457000
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Gevgelija Municipality.svg Гевгелија
Област Влахомеглен
Население 18[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1483
Повик. бр. 034
Надм. вис. 540 м
Commons-logo.svg Серменин на Ризницата


Серменин — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено во југоисточната падина на планината Кожуф, чиј атар на тесен дел се допира со подрачјето на Општина Кавадарци.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 540 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 20 километри.[2]

Атарот е мошне голем и зафаќа површина од 71,9 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 5.895 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 302 хектари.[2]

До селото води асфалтен пат преку селото Негорци, кој не е во целост довршен.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Серменин било христијанско влашко село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Серменин имало 480 жители, сите Власи.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Серменин имало 648 жители.[4]

Од Серменин се иселил голем број од населението и тоа преминало од средно во мало село, населено со македонско население, доведено до фаза на распаѓање. Така, во 1961 година селото броело 502 жители, а во 1994 година бројот се намалил дури на само 18 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Серменин имало 18 жители, од кои 16 Македонци и 2 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 480 648 619 608 502 388 99 47 18 18
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на селото
Историска панорама од 1931 година
  • Поранешно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Серменин, во која единствено село било Серменин.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Негорци, во која покрај селото Серменин се наоѓале и селата Кованци, Негорци, Прдејци и Смоквица.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[8]
Манастири
Реки[9]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Серменин

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 11 јуни 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 271. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 26 мај 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  9. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]