Злате Михајловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Злате Михајловски (1926-1944) народен херој
Биста на Злате Малаковски во Маврови Анови

Злате Малаковски (Михајловски) (с. Богдево, Гостиварско, 1926 – Егејски дел на Македонија, 1944) бил учесник во НОВ. Прогласен е за народен херој на Југославија на 9 октомври 1953 година.

Бил ѕидарски работник во Белград до 1941 година. По окупацијата на Југославија се вратил во Македонија и во март 1943 година стапил во Мавровско-гостиварскиот партизанскиот одред „Кораб“. При битката на одредот со балистите на 27 април 1943 година во Ново Село е заробен. Спроведен е и држан во затвор во Тирана до капитулацијата на Италија, кога бил ослободен и во ноември 1943 година станал борец во Првата македонско-косовска бригада. Загинал во борба на бригадата со бугарската војска во Егејска Македонија во 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 901 стр.