Богдево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Богдево
Куќи во Богдево.jpg

Куќи во селото Богдево

Богдево is located in Македонија
Богдево
Местоположба на Богдево во Македонија
Координати 41°44′36″N 20°42′01.5″E / 41.74333° СГШ; 20.700417° ИГД / 41.74333; 20.700417Координати: 41°44′36″N 20°42′01.5″E / 41.74333° СГШ; 20.700417° ИГД / 41.74333; 20.700417
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки
Општина Coat of arms of Mavrovo and Rostuša Municipality.svg Маврово и Ростуша
Област Горна Река
Население 5[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1256
Повик. бр. 042
Надм. вис. 1510 м
Commons-logo.svg Богдево на Ризницата


Богдево — село во Општина Маврово-Ростуше, во областа Горна Река.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Богдево е планинско село, сместено во горното сливо подрачје на реката Радика, на надморска височина од 1.510 м. Селскиот атар зафаќа површина од 11,6 км2.[2]

Селото е поврзано со макадамски пат, како продолжение на асфалтниот пат од Маврови Анови до Врбен, кој понатаму продолжува до селото Кракорница.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во пописните дефтери од 1467 година, како христијанско село во нахијата Река, каде се регистрирани само 3 семејства. Потоа се споменува во 1536/39 година со 16 семејства и 1 неженет. Во пописниот дефтер од 1583 година, во селото биле запишани 10 семејства и 18 неженети.

Во XIX век, Богдево било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Во периодот по Балканските војни, селото потпаѓа под српска власт.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во атарот на селото преовладуваат пасиштата со вкупна површина од 594 ха, додека на шуми отпаѓаат 384 ха, а обработливото земјиште е на површина од само 46 ха.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Цариград во 1878 година, Богдево е посочено како село со 50 домаќинства, при што населението го сочинувале 122 жители Албанци со христијанска и 18 жители Албанци со муслиманска вероисповед.[3]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Богдево имало 180 жители Албанци со христијанска и 108 жители Албанци со муслиманска вероисповед.[4]

Според митрополит Поликарп Дебарски и Велешки, во 1904 година, во Врбен имало 21 српска куќа.[5]

Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), христијанското население на селото во 1905 година го сочинувале 126 Албанци.[6]

Во издание на весникот „Дебарски Глас“ од 1911 година е наведена статистика според која селото броело 61 албанска патријаршиска куќа, но селото било зафатено со српската пропаганда.[7]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 година, Атанасиј Селишчев го забележал Богдево како албанско село.[8]

Бројот на населението започнал значително да се намалува во втората половина на XX, па така од 139 жители според пописот во 1953 година се намалил на 14 жители во 1994 година.[2]

Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Богдево, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]

Според последниот попис од 2002 година, во Богдево имало 5 жители, сите Албанци. Во селото имало само едно домаќинство и 13 живеалишта.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[9] 1905[10] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 288 126 114 139 132 68 47 0 14 5
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Маврово и Ростуша, која настанала со спојување на поранешните општини Маврови Анови и Ростуша со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Маврови Анови.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Кракорница, во која влегувале и селата Бродец, Кракорница и Ничпур.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Трница, во која влегувале и селата Беличица, Бибање, Бродец, Волковија, Врбен, Грекеј, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната Општина Маврово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гостивар.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 487 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 4 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црква „Св. Димитриј“
Археолошки локалитети[15]
Цркви[16]
Реки

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Богдево

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 21 ноември 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 32. 
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“. Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176–177.
  4. К’нчов, В.. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 264.
  5. Извештај на митрополит Поликарп, 25 февруари 1904.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 184–185.
  7. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  8. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. София, 1929.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  12. „Изборна единица 6: Општина Маврово и Ростуша“ (PDF). конс. 21 ноември 2017. 
  13. „Локални избори 2017“. конс. 21 ноември 2017. 
  14. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 55. ISBN 978-608-65143-2-7. 
Забелешки
  1. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]