Ново Село (Ростушко)
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ново Село — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во јужниот дел на Горни Полог, јужно од градот Гостивар, на 12 километри оддалеченост од него, веднаш од десната страна на магистралниот автомобилски пат кон Кичево и Охрид. Ново Село — село во рамките на Општина Маврово и Ростуше во североисточниот дел на општината. Куќите се сместени во мал дол на најсеверните огранки на планината Бистра на надморска височина од 600 метри и селото е од збиен тип.
Историја[уреди | уреди извор]
Се претпоставува дека Ново Село датира уште од пред доаѓањето на Турците во Македонија.
Историски настан по кој ќе биде запаметено ова село е неговото запалување и изгорување до темел од страна на балистите во Втората светска војна на 26 април 1943 година.[2] Тој ден во селото се наоѓале борците на Мавровско-гостиварскиот партизански одред „Кораб“. Балистите го опколиле селото и го разбиле партизанскиот одред, по што го запалиле селото. Во знак на сеќавање на загинатите партизани е подигнат споменик во непосредна близина на селото од левата страна на магистралниот пат Гостивар - Кичево. Споменикот е изработен од Томе Серафимовски во 1974 година.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Населението на Ново Село се занимава најмногу со земјоделство (одгледување на кромид, лук, рж, овес и др.) и сточарство (најмногу се одгледуваат овци и кози, а во помала мера и крави и свињи), а застапено е и живинарството (кокошки и гуски) пред сè за домашни потреби. Своите производи селаните ги пласираат обично на пазарот во Гостивар, а не ретко и во Кичево. Поради непосредната близина до неколкуте каменоломи дел од населението е вработено и во каменоломите. Дел од населението се занимава и со сеча на дрва, бидејќи селото е опкружено со густи листопадни шуми (јасен, бука, костен, тополи, врби итн.).
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Ново Село отсекогаш било целосно населено исклучиво со македонско христијанско население.
Според пописот од 2002 година Ново Село брои 33 жители, сите Македонци[3]. Во однос на претходниот попис од 1994 година, бележи благ пад од само 3 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 16 Македонци и 1 лице без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | 72 | 147 | 158 | 135 | 105 | 67 | 29 | 36 | 33 | 17 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Во селото постои православна црква изградена во триесеттите години на XX век.
Во 1989 година крај изворот во селото е поставена спомен-плоча, посветена на паднатите борци од селото во НОВ: Јосе Лефковски, Цветко Самојловски, Голубе Бадиески, Злате Грујоски и Томе Савески.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Ново Село(Папрадно Ново Село)-Гостивар Општина Маврово и Ростуше
Податоците се од 1948 година.
Селото е во горниот дел од долината на Сушичка река,на Влајница. Два километри Северозападно од селото поминува патот Гостивар-Дебар. Водата за пиење се добива од една чешма од потокот. Околу селскиот атар се изворите: Ѓурчеец,Марково Чешмиче,Пив,Лозница,Танеа Лака,Близни Чешми и др.
Обработливото земјиште е по долината на Ново Селската река(поток).Топографски имиња:Свињци,Капишта,Попов Гроб,Влајница,Стара Кула,Папрадишта,Глигороец,Ивајнци,Јачменишта,Нинкојци,Лазој,Јасиче,Опал,Војска Рамнина,Танеа Лака,Крлеји Млаки,Кашкојци,Павлев Рид,Ралејци,Ораше,Стара Црква,Зад Камен,Грашишта,Кучишта,Ѕунѕулица,Пив,Сат,Лозје,Средок,Нишалка,Крст,Давје,Голема Нива,Вртишта,Ѓурчеец,Глигуреец,Овезиште,Гревишта,Кладенче,Сотка,Попоа Лака,Шадица,Пред Пеш,Лозница,Палегуњица,Пепово Гумно,Пепов Камењ и др.
На Ново Селскиот атар се наоѓаат места обраснати со Букова шума и трева.,нивните имиња се:Влајница,Корија,Племњица,Саиче(Јасиче),Опал,Ралејци,Рамништа,Кузманои Нивје(сега Под Паша),Осој,Викала,Назникоец,Попов Камен,Чука,Бунари,Присој,Стрмец и др.
Ново Село е збиена населба. Се дели на Долно и Горно маало во маалата куќите се групирани. На средина на селото помеѓу двете маала има Црква. Селото вкупно има 10 рода со 26 домови(куќи)-(1947 година).
Порано Ново Село( Папрадно) било голема населба со околу 300 православни македонски домови. Селото било од развиен тип поради тоа што маалата лежеле-биле оддалечени прилично многу. Едно маало било на местото викано Кучишта, другото на место Племњица, а третото каде што сега е селото и др.
Старите селани имале 2 храма. Еден бил посветен на св. Петка и се наоѓа јужно од денешната положба на селото. Тука се познаваат остатоци од стари гробови. Сегашните селани на поранешните темели од црквата по ослободување од Турците подигнале црква. Бториот стар храм бил манастирски. Се наоѓал на местото Крст, Северно од сегашното село. Тука лежат Селските гробови, има еден голем бигорен крст. Споменатиот стар манастир бил посветен на св. Јован. Во негова непосредна близина поминувал патот Гостивар-Дебар. Манастирот имал големо коначиште(конак).
Општи сознанија кај селаните од Ново Село е дека старото село и храмовите пропаднале кон крајот на XVII век, за време на австриско-турските војни. Тогаш Австриската војска и востаниците влегле во Полог од Североисток и тие ја ослободиле областа до подножјето на Влајница на Југозапад. Малкубројната Турска војска се повлекла на гребенот на Влајница и тука се стационирала. За да го заплаши непријателот Турската војска по падините на Влајница по дрвјата закачила воени униформи и секој турски војник ноќе палел по десет огна. Австријанците како што кажува легендата им се причинило дека турската војска е многубројна и затоа тие со многу Македонски востаници го напуштиле Полог. После тоа во селото кое било на сегашното место влегле Турската војска и Сејмени. Тие некои од затекнатите жители ги убиле а селото го запалиле и храмовите ги порушиле. Живи останале 4 семејства кои се сокриле. Тие го основале денешното село.
Верувањата кај селаните од Ново Село дека многу стари Македонски родови од поранешното село кон крајот на XVII век пребегале во Србија и Војводина. Еден тогашен жител по име Стојко Чукар се населил во близината на Белград. Како овдешните селани кажуваат во негова чест станало Белградското предградие Чукарица. Иселениците кои се населиле во Војводина-Ковин, селата во околината на Панчево и др, ги однеле во Сремски Карловци иконите од селскиот манастир СВ. Јован. Тогашни иселеници од Ново Село има и во околината на Видин во Бугарија.
Во касно Турско време некој Дали-Бег собирал војска над Ново Село на место Војска Рамнина. Споменатиот Дали-Бег припремал поход против Дебарските Арбанаси. На тоа место сега сè уште се познаваат ровови. Ново Село еднаш настрадало од чума. Тогаш селаните бегале од селото и живееле во колиби.
1900 година Ново село имало 34 куќи.
РОДОВИ:
Грнчаровци(1 к)староседелци.Предците на овој род се занимавале со грнчарски занает.
Пејовци(5 к)староседелци.Се делат на Давидовци и Огњановци.Во средината на XIX век бил познат предокот Давид.Тој работел како преземач на изградба на железнички пруги во Румунија.
Мијатовци(5 к)староседелци.Презимето го добиле по предокот Мијат.
Биљановци(5 к)староседелци.Од овој род бил погоре споменатиот Стојко Чукар,по кого го добило името Белградското предградие Чукарица.
Николовци(2 к)стари доселеници од Порече.Во овој род бил истакнат Пепо,предок од 5 поколение(Леце,жив 38 години,-Раде-Лефко-Трпе-Симун-Пепо).За Пепо се зборува дека бил силен и богат како Тетовскиот паша.Имал висока камена кула,поседувал големи површини на ниви и држел ан на патот Гостивар-Дебар за обработување на нивите тој збирал работници,ним им давал пари во злато.Пепо бил познат и по тоа што го штител селото од Арбанасите.Затоа на него не гледале добро Арбанасите од соседното село Речане.Тие еднаш му подготвиле заседа кога Пепо се враќал од Гостивар.Првата и втората заседа го пропуштила Пепо зошто се плашеле да го нападнат.На него било пукано од страна на третата заседа и тој бил ранет.После тоа се собрале поголем дел од напашѓачите кои го убиле Пепо.Како спомен на Пепо сега постојат две топографски имиња Пепово Гумно и Пепов Камен.Се зборува за Пеповите пари дека и сега постојат само не се знае каде ги има сокриено.
Некогашните Пепови ниви сега најголем дел им припаѓаат на Арбанасите од село Речане.
Дејановци (2 к.) По потекло од Порече.Дошле после родот Николовци.
Зогевци (2 к.) Доселени од Пожаране,таму биле Старинци.
Бадиовци (1 к.) По потекло од Ничкур во Горна Река.Основачот на родот дошол како домазет во селото,во родот Најдовци.
Грујовци (2 к.) Доселени од С.Бродец од Горна Река.Основачот на родот дошол во родот Најдовци.
Ристевци (1 к.) По потекло од Долна Лешница кај Кичево.Дошол дедо Ристо како мутавџија.
Тоа било пред околу 100 години (Илија, жив 60 години-Десо-Ристе)Ристевци се денеска најмоќни жители во Ново Село.
Во Ново Село постои црква „Св. Јован“, првично изградена во 1884 година. Трошната црква селаните ја срушиле и во 1925 година изградиле нова и поголема црква.Југозападно од Ново Село одејќи кон Село Церово се наоѓа Ново Селска црква СВ.Ѓорѓија.Кај овој храм селаните се собираат за Ѓурѓовден,споменатата црква после втората светска војна ја изградил Илија Ристевски од Ново Село.Пред тоа на тоа место постоеле остатоци од некој стар храм.Околу црквата СВ.Ѓорѓија се гледаат стари храстови.
Најдовци биле старинци.Постепено изумреле сега во нивните куќи живеат домазети.
Кузмановци изумреле од чума или срчајинца.Биле по потекло од Лешница кај Кичево.Во спомен на споменатиот род сега се чува и топографското име Кузманои Нивје,денес под Букова шума
Даиловци(6 к)Живеат во Вруток.Потекнуваат од предокот кој таму дошол од Ново Село.
Марко(1 к)живее во Сретково.Потекнува од Домазет кој отишол од Ново Село.
Овие податоци се напишани од страна на Анастасија Лефкоска и Раде Лефкоски од родот Николовци. Користена литература од Горни Полог-Посебен дел
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Киро Кипроски „Џемо Хаса ја тероризираше западна Македонија“[мртва врска], „Утрински Весник“
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
|