Сремски Карловци
Сремски Карловци Сремски Карловци | ||
---|---|---|
Град и општина | ||
Панорама на Сремски Карловци | ||
Сремски Карловци на административната мапа на Србија | ||
Координати: 45°12′N 19°56′E / 45.200° СГШ; 19.933° ИГД | ||
Држава | Србија | |
Покраина | Војводина | |
Округ | Јужна Бачка | |
Управа | ||
• Градоначалник | Миленко Филиповиќ (Демократска странка) | |
Површина | ||
• Општина | 51 км2 (20 ми2) | |
Население (Попис 2011) | ||
• Град | 8,722 | |
• Општина | 8,722 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски број | 21205 | |
Повикувачки број | +381 21 | |
Автомобилска ознака | NS | |
Мреж. место | sremski-karlovci.org.rs |
Сремски Карловци (српски: Сремски Карловци) — град во Србија во општината Сремски Карловци во Јужнобачкиот Округ, но географски ѝ припаѓа на областа Срем, чиј назив стои во името на градот.
Имиња
[уреди | уреди извор]Сремски Карловци е познат под други имиња на други јазици: германски: Karlowitz, Carlowitz, унгарски: Karlóca, полски: Karłowice, полски: Karłowice, турски: Karlofça, хрватски: Sriejemski Karlovci. Името Сријемски Карловци порано го користеле и Србите кои зборувале ијекавски, но подоцна ја прифатиле екавската варијанта. За време на НДХ градот е преименуван во Хрватски Карловци.
Географија
[уреди | уреди извор]Сремски Карловци се наоѓа на десниот брег на Дунав, 12 км од Нови Сад и 9 км од Петроварадин на стариот пат за Белград. Спрема пописот од 2011 година, градот броел 8.722 жители.
Сремски Карловци е единствената населба во општината Сремски Карловци.
Историја
[уреди | уреди извор]Рана историја
[уреди | уреди извор]Во времето на Римското Царство на местото на денешни Карловци се наоѓала мала тврдина.
Градот првпат се спомнува во 1308 година како тврдина под името Каром, изградена на римски темели. Во 1521 година Каром е тврдина и населба во Унгарското Кралство, под власт на благородничките семејства Батори и Моровиќ.
Турска власт
[уреди | уреди извор]Отоманскиот војсководец Бали-бег го освоил Сремски Карловци во 1521 година, и останува под турска власт наредните 170 години.
Словенското име Карловци, првпат се споменува 1532-1533 година во ракопис од манастирот Крушедол. За време на османлиското владеење местото било населено со Срби и мал број Турци. Во 1545 година, Карловци имал 547 христијански жители (Срби). Во градот постоеле 3 православни цркви и еден манастир.
Под турска власт Карловци биле до 1688 година, до Големата турска војна (1683-1699), кога Турците при повлекувањето кон Белград го запалиле и уништиле местото.
Од 16 ноември 1698 до 26 февруари 1699 година во Карловци е одржан конгрес со кој се ставило крај на непријателствата меѓу Османлиското Царство и Светата лига (коалиција на Австрија, Полска, Венецијанската Република и Русија). Турција со Русија потпишала посебен мир во траење од две години. Овој договор е познат како Карловачки мир. Според овој договор Карловци станал дел од хабсбуршките поседи под името Воена Краина. На местото каде што е потпишан договорот во 1817 година изградена е Капела на мирот.
Хабсбуршка власт
[уреди | уреди извор]После 1699 година Карловци станува значајна трговска населба бидејќи оттука поминуваат трговските патишта кон Турција. Близината на Дунав секако придонесува уште повеќе за интензивирање на трговијата.
Според податоци од 1702 година, населението во градот се состоело од 215 православни и 13 католички семејства, додека според податоци од 1753 година градот броел 3.843 жители од кои 3.110 Срби.
Градот исто така бил духовен, политички и културен центар на Србите во Хабсбуршката Монархија. Од 16 век Карловци станал едно од црковните средишта на српскиот народ. После Првата селидба на Србите во 1690 година, Карловци станал еден од кандидатите за ново седиште на српските архијереи. Во 1713 година одлучено е седиштето од манастирот Крушедол да се премести во Карловци. На 3 август 1791 година тука е основана првата српска гимназија, а три години подоцна и православна богословија кое е второ православно училиште (после Духовната академија во Киев) кое сè уште постои.
Во мај 1848 година, на Српското национално собрание во Карловци, Србите прогласиле приклучување на областите Срем, Банат, Бачка и Барања (како и делови од Воена Краина) во провинцијата Српска Војводина. Прв главен град на Српска Војводина бил Карловци. Подоцна седиштето на главниот град било преместено во Земун, Велики Бечкерек и Темишвар. Во исто време титулата Митрополит карловачки била подигната на ниво на онаа од патријарх, па така е воспоставена Православна карловачка патријаршија која постоела до 1920 година кога се споила со Белградската митрополија за да ја основаат новата Српска патријаршија.
После 1918
[уреди | уреди извор]Во 1918 година, градот станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во дваесеттите години, тој станува седиште на руските белогардиски емигранти на генералот Врангел чиј споменик стои до денешен ден. Исто така бил и првично седиште на Светиот синод на Руската православна задгранична црква.
Од 1929 до 1941 година, градот бил дел од Дунавска Бановина, провинција во Кралството Југославија. За време на Втората светска војна, градот бил окупиран од Силите на Оската и бил припоен кон НДХ. Во тој период името му било сменето во Хрватски Карловци. После војната, градот е дел од Автономната Покраина Војводина.
Демографија
[уреди | уреди извор]Историски податоци
[уреди | уреди извор]- 1961: 6.390
- 1971: 7.040
- 1981: 7.547
- 1991: 7.534
- 2011: 8.722[1]
Етнички состав
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]-
Православна богословија
-
Центарот на градот
-
Патријаршија
-
Православна црква Св. Никола
-
Градски плоштад
-
Чешма на четирите лава
-
Биста на Петар Врангел во Сремски Карловци
-
Стражилово
-
Капелата на мирот]]
-
Горна црква
-
Стражиловски пат
-
Градско јадро
Наводи
[уреди | уреди извор]
|