Бибање

Координати: 41°43′55″N 20°37′39″E / 41.73194° СГШ; 20.62750° ИГД / 41.73194; 20.62750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бибање
Бибај

Поглед на Бибање од соседното Нистрово

Бибање во рамките на Македонија
Бибање
Местоположба на Бибање во Македонија
Бибање на карта

Карта

Координати 41°43′55″N 20°37′39″E / 41.73194° СГШ; 20.62750° ИГД / 41.73194; 20.62750
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1256
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07006
Надм. вис. 1187 м
Слава Богородица Зимска
Бибање на општинската карта

Атарот на Бибање во рамките на општината
Бибање на Ризницата

Бибање (служб. Бибај, албански: Bibaj) — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Селото најпрвин запишано како Бибање се сретнува во 1882 година. За потеклото на името постојат повеќе мислења:[2]

  • Се верува дека името потекнува од женското лично име Биба, што доаѓа од бибе, што означува „патка, гуска“.
  • Од името на основоположникот Бибо.
  • Од топонимот Биба(та) или од хидронимот Бибја (бара), Бибје (блато)
  • Изведено од личното име Бибан

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Ова село се наоѓа во областа Горна Река, во северозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е на источните огранки на планината Кораб, а во горното сливно подрачје на Радика.[3] Селото е планинско и е сместено доста високо на 1.200 метри надморска височина. Од градот Гостивар селото е оддалечено 33,5 километри.[3]

Бибање се наоѓа во клисурата на Длабока Река, од нејзината десна страна. Некои го сметаат за маало на соседното село Нистрово, кое се наоѓа од другата страна на реката.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Бибање било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото поседува мал атар, кој зафаќа простор од 3,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина 283,8 хектари, обработливите површини заземаат 83,2 хектари, додека на пасиштата отпаѓаат само 3,3 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194868—    
195372+5.9%
196181+12.5%
197160−25.9%
198148−20.0%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199446—    
200231−32.6%
20210−100.0%

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бибање е село со 15 домаќинства и 46 жители.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бибање живееле 122 жители, сите Албанци, од кои 32 христијани и 90 муслимани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бибање имало 36 жители.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бибане е претставено како албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 36 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.[9]

Бибање е мало село, коешто во 1961 година броело 81 жител, од кои 34 биле Албанци, 31 Македонец, а 15 жители Турци, додека во 1994 година имало 46 жители, од кои 44 биле Албанци и двајца жители Македонци.[3]

Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Бибање, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 31 жител, сите Албанци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Бибање:

Година Македонци Албанци Турци Вкупно
1948 68
1953 26 46 0 72
1961 31 34 16 81
1971 15 33 12 60
1981 4 42 0 48
1991 0 0 0 0
1994 2 44 0 46
2002 0 31 0 31
2021 0 0 0 0

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Трница, во која покрај Бибање се наоѓале Беличица, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше. Во периодот 1950-1952 година, селото влегувало во рамките на Општина Нистрово, во која влегувале селата Бибање, Жужње и Нистрово.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0482 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Нистрово.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Од селото има патека која води до најголемиот водопад во Македонија, Корапскиот Водопад.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Бибање

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 51. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 28. Посетено на 12 април 2020.
  4. Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 264.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.184-185.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 50.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 април 2020.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 12 април 2020.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 12 април 2020.
Забелешки
  1. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]