Ростуше

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ростуше
Ростуша
Викиекспедиција Река 58.jpg

Поглед на селото од црквата „Успение на Пресвета Богородица“

Ростуше is located in Македонија
Ростуше
Местоположба на Ростуше во Македонија
Координати 41°36′36″N 20°36′0″E / 41.61000° N; 20.60000° E / 41.61000; 20.60000Координати: 41°36′36″N 20°36′0″E / 41.61000° N; 20.60000° E / 41.61000; 20.60000
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки
Општина Coat of arms of Mavrovo and Rostuša Municipality.svg Маврово и Ростуше
Област Долна Река
Население 872[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1254
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07068
Надм. вис. 720 м
Ростуше на општинската карта

Атарот на Ростуше во рамките на општината
Commons-logo.svg Ростуше на Ризницата


Ростуше или Ростуша — село и административно седиште на Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото Ростуше првпат се споменува како Радостоуше во 1426 година. Низ годините самото име претрпувало измени. Постојат повеќе мислења за тоа како е настанато самото име:[2]

  • Придавно образување од личното име Радост или Радостух
  • Од самото Радостоуше што може да значи „место на тешко достапно брдо“ или „тешко достапно место“

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на долниот дел од селото

Селото се наоѓа во областа Долна Река, во западниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, непосредно од десната страна на реката Радика и недалеку од патот Гостивар-Дебар.[3] Селото е ридско-планинско, сместено на надморска височина од 720 метри.[3]

Селото е сместено на пониска тераса, на десната страна на реката Радика.[4] Оддалечено е 19 километри североисточно од Дебар и 52 километри југоисточно од Гостивар.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Чука, Пардији, Рамна Ливада, Добје, Газ, Вирови, Меденица, Дупен Камен, Требишка Рупа, Стара Фурна, Каштел, Драга, Уталник, Чука, Речиште, Лок, Анешница, Поље, Ливадишта, Црвеница, Подкладник, Гранцов Лаз, Катуништа, Велоица, Кушелица, Денкова Ливада, Олец и Гумништа.[4]

Во селото постојат изворите: Рамова Чесма, Изворница, Крајишта, Бигорец и Двораник.[4]

Селото има збиен тип и се дели на краеви. Оддалеку може да изгледа дека е споено со соседното Велебрдо.[4]

Во непосредна близина на селото, односно на левиот брег од реката Радика, се наоѓа и познатиот Бигорски манастир.

Поради стрмниот предел, селото е изложено на опасност од свлечишта. Во близина на селото е активно и свлечиштето „Велебрдо“, кое последен пат било активно во периодот 1996-1999.[5]

Историја[уреди | уреди извор]

По предание за селото се верува дека некогаш на неговото место се наоѓал манастир „Св. Богородица“. Откако манастирот замрел и бил пренесен во Бигорскиот, црквата била претворена во џамија. Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ била возобновена повторно како црква во 1912 година.[4]

Во XIX век, Ростуше било село во Реканската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото зафаќа простор од 15,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина 1.109 хектари, пасиштата заземаат 261 хектар, додека на обработливото земјиште отпаѓаат само 63 хектари.[3]

Селото, во основа, нема некоја развиена аграрна функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Ростуше е посочено како село со 200 домаќинства и 401 жител.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Ростуше живееле 870 жители, сите Македонци, од кои 610 муслимани и 260 христијани.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ростуше имало 272 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Според статистика на весникот „Дебарски глас“ во 1911 година во Ростуше имало 39 македонски егзархиски и 190 муслимански куќи.[9]

Селото е големо со пораст на населението. Во 1961 година, селото броело 825 жители, од кои 400 биле Македонци, 391 Турчин и 14 жители Албанци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 919 жители, од кои 509 биле Турци, 293 Македонци, 25 Албанци и 92 останати.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Ростуше живееле 872 жители, од кои:[1]

* Жителите кои се изјасниле како Албанци и Турци, всушност претставуваат Македонци со исламска вероисповед, бидејќи најголем дел од нив се изјасниле дека македонскиот јазик им е мајчин.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Ростуше:

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Останати Вкупно
1948 1.029
1953 1.076 14 139 0 0 5 14 1.248
1961 400 14 391 6 14 825
1971 495 18 353 0 1 41 908
1981 408 19 45 15 0 1 401 889
1991 274 23 177 0 1 0 455 930
1994 293 25 509 0 0 0 92 919
2002 397 41 427 0 0 0 2 5 872

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови[уреди | уреди извор]

Во Ростуше отсекогаш живееле Македонци. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на ХХ век во Ростуше живееле следните македонски муслимански и христијански родови: Лајсовци (13 к.), Томовци (9 к.), Рамовци (16 к.), Дулевци, Амзовци (15 к.), Кадриовци, Асанковци (8 к.), Мицановци (10 к.), Мицовци, Симоновци, Младеновци, Синановци (30 к.), Исмаиловци, Адиловци, Беќировци, Румундовци (10 к.), Арифовци, Лилевци (10 к.), Селмановци, Оручовци, Аловци (30 к.), Оџевци и Асановци.[4]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Како развиено село и седиште на општина, Ростуше поседува бројни општествени установи:

Општествени установи во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Грб на поранешната Општина Ростуше.

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото било седиште на поранешната истоимена општина, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуше се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на Општина Ростуше, во која покрај Ростуше се наоѓале и Аџиевци, Битуше, Велебрдо, Галичник, Јанче, Присојница, Сушица и Требиште. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на Општина Ростуше, во која влегувале селата Битуше, Велебрдо и Ростуше.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0469 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова изборно место се опфатени и селата Болетин и Сушица.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 854 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Јован Крстител“, главната манастирска црква на Бигорскиот манастир
Археолошки наоѓалишта[12]
Цркви[13]
Манастири
Џамии[13]
Споменици на културата

Во селото Ростуше според евиденцијата во Регистарот на културно наследство на Управата за заштита на културното наследство на Македонија (УЗКН) прогласени се три објекти како споменици на културата и со тоа за културно наследство на Македонија:

Спомен-плочи
  • Спомен-плоча за загинатите во НОБ
Реки[16]
Водопади
Културни и природни знаменитости во селото

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Ростуше

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Дел од населението е на привремено работа во странство, најмногу во Италија.[17]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 мај 2020.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 152-153. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 262. Посетено на 11 мај 2020.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  5. Група автори (2016). „Свлечишта“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 72. ISBN 978-9989-110-90-0.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 174-175.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 184-185.
  9. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 11 мај 2020.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 11 мај 2020.
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. 13,0 13,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. „Поставен крстот на Успенскиот храм во Ростуше“. Бигорски манастир. 15 август 2012. Посетено на 2012-08-15.
  15. „Цркви“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 2011-02-13.
  16. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 62. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  17. Ротатории“. Македонска енциклопедија , книга II (М-Ш): стр. 1283. (2009). Скопје: МАНУ.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]