Дебарски глас
Изглед
Насловна страница | |
| Тип | неделник |
|---|---|
| Уредник | М. Македонски |
| Основан | 5 април 1909 |
| Јазик | бугарски |
| Седиште | Софија |
Дебарски Глас (бугарски: Дебърски гласъ) бил весник на Дебарската просветна организација. Излегувал како седмичник во Софија, Бугарија. Првиот број излегол на 5 април 1909 година, додека последниот на 16 мај 1911. Одговорен уредник бил М. Македонски. Негова задача била да собира материјали за културната и политичката историја на градот Дебар и околината. Разгледувал историски, јазични и народносни прашања. Се отпечатиле 95 броја[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија. I (прво. изд.). МАНУ. ISBN 978-608-203-024-1.