Прејди на содржината

Грекање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грекање
Грекај

Стара колиба во Грекање

Грекање во рамките на Македонија
Грекање
Местоположба на Грекање во Македонија
Грекање на карта

Карта

Координати 41°43′27″N 20°35′05″E / 41.72417°N 20.58472°E / 41.72417; 20.58472
Регион Полошки
Општина Маврово и Ростуше
ОбластГорна Река
Население во атар13 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1256
Повик. бр.042
Шифра на КО07026
Надм. вис.1089 м
Грекање на општинската карта

Атарот на Грекање во рамките на општината
Грекање на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Грекање (служб. Грекај, албански: Grekaj) — село во Општина Маврово и Ростуше, Гостиварско.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Горна Река, на источните ограноци на планината Кораб и во горното сливно подрачје на реката Радика. Како планинско село, лежи на надморска височина од 1.089 м, а атарот зафаќа 18,2 км2.[2] Крај селото минува Рибничка Река, која тука ги прима притоките Грекајска Река од север и Завојски Поток од југ.

Отаде речниот дол, во близина на селото се наоѓа местото на некогашното село Завојско, уништено за време на Првата светска војна. Во непосредна близина на север е селото Нивиште.

Историја

[уреди | уреди извор]

Сите села во Горна Река порано биле македонски. Во почетокот на XIX век, Грекање како и останатите села во областа биле во процес на албанизација. Во 1852 г. жители на Грекање го поддржале издавањето на „Утешение грешним“ на Кирил Пејчиновиќ.[3]

На крајот на XIX век Грекање веќе било „албанско“ село во Реканската Каза на Отоманскто Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Грекање има 25 жители Арнаути христијани и 14 Арнаути муслимани.[4] Се поставува прашањето колкав дел од нив биле вистински Албанци доселени од Албанија, а колку биле албанизирани (или неалбанизирани) Македонци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Грекане е претставено како албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската Каза на Дебарскиот Санџак со 36 куќи.[5]

Работејќи во полза на српската пропаганда, патријаршискиот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки напишал дека во 1904 г. во Грекање имало 2 „српски“ куќи, кои всушност биле македонски.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското на Грекање се состело од 12 „Албанци“.[7]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Грекање има сточарско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. атарот опфаќа 1.111,7 ха шуми, 681,3 ха пасишта и само 22,6 ха обработливо земјиште.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.[8]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 20 жители, сите Албанци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 39 — 45 53 65 110 53 0 11 20 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Според истражување од 1950 г. во скопското село Патишка Река (Општина Сопиште) живее родот Гегалар (13 куќи), доселен од Грекање.[14]

  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 87. ISBN 9989-862-00-1.
  3. ↑ Селищев А.М. „Славянское население в Албании“, София, 1931, стр. 13.
  4. ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 264. ISBN 954430424X.
  5. ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот Вилает (PDF). Каламус. стр. 50.
  6. ↑ Допис на митрополитот Поликарп, 25 февруари 1904 г.
  7. ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 184-185.
  8. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]