Сушица (Ростушко)
Сушица — раселено село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мала Река, во околината на градот Дебар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Мала Река, на падините на Бистра. Оддалечено е 16 километри источно од градот Дебар.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Сушица било село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушица живееле 156 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Сушица имало 192 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Селото е наполно раселено по 1953 година, кога броело само 49 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Сушица немало жители.[4] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 156 | 192 | 48 | 49 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
За Сушица се говори дека е најстаро село во мијачкиот крај. Родовите во селото се староседелски доселени од старото село Сушица.[9]
Родови во Сушица се: Веловци, Митровци, Ставревци, Проковци, Коловци, Андоновци, Ѓоргевци, Ефтимовци, Цветковци, Угриновци, Мартиновци, Павлевци, Мијатовци и Јосевци, сите доселени од Старо Сушица.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 184-185.
- ↑ 4,0 4,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Смиљаниќ, Томе ((1925)). Мијаци,Горна Река и Мавровско поле. Српска краљевска академија. стр. стр.93-94. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|