Беличица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Беличица
Дел од Беличица 1.jpg

Дел од селото Беличица

Беличица is located in Македонија
Беличица
Местоположба на Беличица во Македонија
Координати 41°41′38″N 20°41′25″E / 41.69389° СГШ; 20.69028° ИГД / 41.69389; 20.69028Координати: 41°41′38″N 20°41′25″E / 41.69389° СГШ; 20.69028° ИГД / 41.69389; 20.69028
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки
Општина Coat of arms of Mavrovo and Rostuša Municipality.svg Маврово и Ростуша
Население 4[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1254
Повик. бр. 042
Надм. вис. 1550 м
Слава Свети Никола
Commons-logo.svg Беличица на Ризницата


Беличица — село во Општина Маврово-Ростуше, сместено високо на планината Бистра, во областа Горна Река, во околината на градот Гостивар.

Селото е особено познато по крвавиот масакр изведен од страна на балистите на 19 септември 1944 година.[2][3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Беличица е сместено во западниот дел на Македонија, во средишниот дел на општината Маврово-Ростуша. Селото се наоѓа на северните падини на планината Чаушица, разгранок на планинскиот масив Шар Планина. До селото води асфалтен пат кој се двои од регионалниот пат ДебарМаврово. Патот бил изграден во текот на 1980-тите години. Селото е оддалечено 33,5 километри од најблискиот град Гостивар.[4]

Атарот на селото зафаќа 25 км².[4] Поделеноста на атарот се состои од 789 ha шуми, 1502,7 ha пасишта и 132,6 ha обработливо земјиште.[4]

Селото отсекогаш било поделено на Долно и Горно Маало, кое било особено погодено со масакрот во 1944 година и оттогаш никогаш не заживеало. Во некогашното Горно Маало се наоѓало и старото селско училиште.[5]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во османлиските дефтери од 1536/39 година, како христијанско село во нахијата Река, кога имало 18 семејства и 2 неженети. Потоа се споменува повторно во пописот од 1583 година, со 30 семејства и 26 неженети.

Во своите најдобри времиња, селото броело 80 куќи, а денес се останати околу 25 куќи, од кои многу од нив се повторно изградени во поново време.[6]

Утрото на 19 септември 1944 над триста балисти предводени од Аќиф Речани го опколиле селото и почнале борба со партизаните на Третиот тетовски одред кои ноќевале во Беличица. Во нерамната борба покрај 21 партизан, вклучувајќи ги и народните херои Тодор Циповски - Мерџан и Ѓоце Стојчески - Амбарче. По борбата со партизаните биле убиени 17 селани, а од 42 куќи, 37 биле запалени.

На ден спроти денот,преку врската,а тоа беше Софка Лазаревска, од Вруток беше јавено селаните од Беличица да бидат на штрек.Аќиф Речани,десната рака на Џемо,подготвуваше погром.

Беличица во Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Беличица во текот на НОВ било познато како партизанско село. Тоа дало голем број борци во Народноослободителната војска, било центар за врски на Комунистичката партија и Народноослободителната војска, а често овозможувало безбедно засолнување на илегалци и преминување на функционери на народноослободителното движење. Во Беличица и во нејзината околина често наминуваа партизански единици, кои селаните секогаш ги снабдувале со храна. Меѓу другото, во јули 1944 година на Бистра, близу Беличица, неколку дена престојувала и Првата албанска бригада, која се одморала по тешките битки што ги водела во Албанија и на која беличичани ѝ ја обезбедиле потребната храна додека била во реонот на селото.[7] Неколку месеци пред масакрот на 19 септември 1944 година, поточно во јули 1944 година, балистите веќе го имале нападнато селото. Тогаш тие претепале многу селани, пљачкосале голем број добиток и убиле еден селанец. Не е познато дали тој напад е поврзан со престојот на албанските партизани во близина на селото, а што се случило во истиот месец. Но, тоа што престојот на албанските партизани и нападот на балистите на Беличица се случиле во истиот месец ја прави реална претпоставката дека балистите го извршиле тој напад врз Беличица поради тоа што селаните од Беличица ги помагаа албанските партизани или дека тоа било барем една од причините за нападот.Според Стојан Карајовов, балистите биле во потрага по Живко Брајковски, роден во Беличица и секретар на Околискиот комитет на КПМ за Мавровско. Стојан Карајанов, „И Беличица гореше“, СИЗ за култура – Гостивар, 1985, 17. Новиот напад врз селото, во утринските часови на 19 септември 1944 година го извршиle преку 300 добро вооружени балисти на чело со Аќиф Кроси – Речани.[8] Непланирано, непосредно пред нападот на балистите врз Беличица, во селото пристигнале борците на Третиот тетовски партизански одред. Овој одред бил составен од 35 борци, од кои поголемиот дел штотуку биле станале партизани и од кои само 13-мина биле вооружени. Во својот состав Одредот имал Македонци, Срби кои биле доселени во Тетовско, како и Албанци.[9] Одредот се движел од Шар Планина кон Караорман и Дебарца со цел дополнително да се вооружи, а потоа да се врати во Тетовскиот регион. Во раните ноќни часови на 19 септември Одредот влегол во Беличица со цел да воспостави врска и да се снабди со храна пред да продолжи понатаму. Кога сфатиле дека се опколени, и покрај својата слаба вооруженост и 10 пати помалата бројност, партизаните решиле да ја прифатат борбата и да го бранат селото. Во повеќе од шестчасовната борба, неколку партизани успеале преку јуриш да го пробијат непријателскиот обрач, но 19-мина биле убиени, а четворица биле заробени. По борбата, како што истакнал Нешо Маркоски, еден од преживеаните борци на Третиот тетовски партизански одред, на бојното поле „еден покрај друг лежеа работник, земјоделец, ученик; Македонец, Србин и Албанец; двајца браќа и едната нивна сестра; неразделни другари од детството; соученици од тетовските училишта.“ Откако го совладале отпорот на партизаните, балистите влегле во селото и почнале да се изживуваат врз телата на убиените партизани. Телата им ги обезличувале со камења и ножеви, им ги ваделе забите, ги претресувале и им ги одземале личните предмети, пукале со оружје во мртвите тела и им ја соблекуваа облеката за да однесат „воен трофеј“. Трупот на еден од загинатите партизани, Мурат Бафтијари, најпрво го газеле и плукале, скокале врз него, го удирале со камења, потоа со ножеви му го касапеле телото, дел по дел, за најпосле во веќе мртвото тело да испукаат цел куп куршуми. Потоа следувала планираната одмазда врз селаните. Биле убиени 17 жени, деца и старци, кои потоа биле фрлани во огнот на нивните запалени куќи. Најстарата старица која ја убиле балистите, додека лежела во својот кревет веќе подолго време поради тешка болест, Лиска Јовановска, имала 88 години, а најмладиот жител, Нада Брајковска, била девојче од само 12 години. Некои од жртвите биле и живи фрлани во оган, како партизанот Саво Тасески и 61-годишната старица Соломија Јовановска. Четворицата партизани што ги заробиле балистите ги одвеле со себе. По два дена, на 21 септември, тројца од нив биле стрелани во Тетово. Сепак еден од нив, Сретен Теофиловски, и со 17 куршуми во телото, не им подлегнал на повредите. Тогаш Џемо Хаса му го простил животот велејќи му дека и смртта не го сака. Потоа тој бил излечен и спасен.

Население[уреди | уреди извор]

Иселувањето во Росоки започнало порано отколку во другите села и самото иселување на жителите настанало драматично, што може да се забележи и по нивниот број забележан со пописите во 1961 и 1994 година, кога имало 79, односно 9 жители, соодветно.[4]

Според пописот од 2002 година, селото Беличица броело 4 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[10] 1905[11] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 450 438 133 164 79 44 5 9 9 4
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Старото училиште, денес претворено во Планинарски дом „Беличица“
  • Спомен-гробишта за загинатите во масакрот во Беличица

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на големата Општина Маврово и Ростуша, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Маврово.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Трница, во која покрај селото Беличица, се наоѓале и селата Бибај, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекеј, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше. Општината Трница постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Беличица, Волковија, Врбен, Кичиница, Сенце и Трница.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Никола“
Цркви[13]
Реки[14]
  • Беличица — помала река, која поминува низ селото

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Беличица
Починати во Беличица
Други

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Населението на селото главно било се иселувало во градовите Скопје и Гостивар.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. Нешо Маркоски. „Беличица во пламен“. Тетово, 1975. стр. 27
  3. Стојан Карајанов „И Беличица гореше“, СИЗ за култура – Гостивар, 1985.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 24. 
  5. Според кажување на локален жител, забележано од страна на Тони Ристовски, Никола Цибрев, Ѕвонко Петровски, Кирил Симеоновски и Цветко Неделковски на 5 јули 2015 година.
  6. Според кажување на локален жител, забележано од страна на Тони Ристовски, Никола Цибрев, Ѕвонко Петровски, Кирил Симеоновски и Цветко Неделковски на 5 јули 2015 година.
  7. Нешо Маркоски, „Беличица во пламен“, „Полог“, Тетово, 1975, 21-22.
  8. Нешо Маркоски, „Беличица во пламен“, „Полог“, Тетово, 1975, 21-22
  9. Кога Третиот тетовски партизански одред бил во Беличица, од партизаните Албанци во неговиот состав бил Мурат Бафтијари, а претходно во неговиот состав, при неговото формирање, биле Нафи Сулејмани, Шаин Садику, Таип Таипи, Ибраим Ибраими и Кочо Пренда. Ibid., 13 и 16
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  14. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 12. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]