Тануше
Тануше | |
Тануше и Рибница на планината Кораб | |
Координати 41°43′19″N 20°34′22″E / 41.72194° N; 20.57278° EКоординати: 41°43′19″N 20°34′22″E / 41.72194° N; 20.57278° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Горна Река |
Население | 6 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1256 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07079 |
Надм. вис. | 1260 м |
![]() |
Тануше — село во Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во областа Горна Река, под планината Кораб. Атарот зафќа 16,7 км2 и се протега сè до врвот на планината.[1] Целата западна страна на атарот се граничи со Албанија.
Западно од селото, во повисоките делови на атарот, течат Бабин Поток (Прои и Бабес) и Изворски Поток, кои потоа се спојуваат, образувајќи ја Рибничка Река. Таа во свиок го заобиколува селото од север и исток, и продолжува на југоисток крај селата Грекање и Рибница.
Историја[уреди | уреди извор]
Сите села во Горна Река порано биле македонски. Во XIX век, Тануше како и останатите села во областа биле во процес на албанизација. Во XIX век Тануше било албанско село во Реканската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тапушани (Tapouchani) е село со 50 домаќинства сочинети од 126 жители; од нив 51 биле Албанци муслимани и 75 Албанци православни.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Танушане веќе било наполно муслиманско село и имало 350 жители Арнаути.[3] Се поставува прашањето колкав дел од нив биле вистински Албанци доселени од Албанија, а колку биле албанизирани (или неалбанизирани) Македонци.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Тануше има сточарско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. атарот опфаќа 1.204 ха пасишта, 402 ха шуми и само 51 ха обработливо земјиште.[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[4] | 1905[5] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | — | 215 | 257 | 288 | 330 | 345 | —[6] | 89 | 16 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Населението на Тануше опаднало во првиот период на XX век, но по Втората светска војна тоа почнало да се опоравува. Селото се зголемувало во текот на наредните децении за да опадне на само 89 жители во првата половина на 1990-тите, а потоа да се намали за 5,5 пати во наредните години. Интересно е да се забележи дека во 1953 г. се заведени 17 лица кои се изјасниле како Македонци,[8] што значи дека сè уште имало жители со македонска свест.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 16 жители. Следува табела на националната структура на населението[9]
Националност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 16 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Танушка џамија
- Основно училиште
Личности[уреди | уреди извор]
- Малиќ Тануша — просветен деец
- Џезаир Реџепи (р. 1983) — вајар
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 293. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 174-175.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 264. ISBN 954430424X.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ Населението на селото го бојкотирало пописот од 1991 г. и во него учествувале (и се попишани) само тројца жители.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Тануше — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X