Скудриње

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Скудриње
20090714 Galicnik Debar panoramic.jpg

Поглед кон Скудриње од селото Галичник

Скудриње is located in Македонија
Скудриње
Местоположба на Скудриње во Македонија
Координати 41°33′56″N 20°36′33″E / 41.56556° N; 20.60917° E / 41.56556; 20.60917Координати: 41°33′56″N 20°36′33″E / 41.56556° N; 20.60917° E / 41.56556; 20.60917
Регион Долна Река
Општина Coat of arms of Mavrovo and Rostuša Municipality.svg Маврово и Ростуше
Население 2.119[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1257
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07073
Надм. вис. 940 м
Скудриње на општинската карта
Скудриње во Општина Маврово и Ростуша.svg

Атарот на Скудриње во рамките на општината
Commons-logo.svg Скудриње на Ризницата


Скудриње — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

За настанокот на името од село Скудриње има една легенда. Еднаш една баба и нејзината внука береле дрење и кога бабата седнала да се одмори ја викнала на својата внука да седне во скут да јаде дрење и од зборовите скут и дрење логички доаѓа „Скудриње”.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова село се наоѓа во областа Долна Река, во западниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, на источната падина на планината Дешат. Сместено е на десниот брег на реката Радика и недалеку од патот Гостивар-Дебар.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 940 метри.[2]

Се наоѓа во националниот парк Маврово. Новата населба се гради по течението на реката Радика, бидејки населението има забрана за градење на куќи кај што се наоѓа селото за да не се случи уривање на земјата.

Поради стрмниот предел, селото е изложено на опасност од свлечишта. Во близина на селото е активно и свлечиштето „Скудриње“, кое редовно се активира при дождовните сезони.[3]

Селото е сместено на падините на Дешат, на десната страна од реката Радика. Се наоѓа на средно висока тераса, а над него се наоѓа шума. Селото поседува бројни чешми.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Рудина, Ливаѓе, Ванагорица, Градиште, Рунгаќ, Црна Краста, Бокшарен (Бошкова Равен), Свинци, Камен Зоб, Хаџијева Лока, Пазаришче Кала, Речиште, Голган, Столец, Виниградишта, Пороишта, Оџорен (Оџава Равен), Дугица, Плеќенија, Оградник, Гврлица, Бигов Камен, Бигорец, Мала Њива, Мел и Раскрсница.[4]

Селото има збиен тип и се дели на краеви. Како посебни маала се: Реџеповци, Асовци, Фариќовци, Амовци и Чераповци.[4]

Скудриње е оддалечено 13 километри североисточно од градот Дебар, а од општинското средиште Ростуше е оддалечено 9 километри.

Селото не е на регионалниот пат и од него е оддалечено 3,5 километри, но има асфалтен пат до него. Воедно има и автобуската станица блиску до селото. Покрај автобуски превоз се користат комбиња и автомобили како такси возило.

Историја[уреди | уреди извор]

Старини околу селото докажуваат дека било населено одамна. Тоа се Кала кон Присојница, наречена и Дамчулица. На повисоко место се наоѓа и Кале, кај месноста Пазаришче, додека на Крчин има Градиште.[4]

Во селото постојат спомени за постоење на чума, кога луѓето избегале во шумата.[4]

Селото првпат во пишаните документи се споменува во пописот извршен од Османлиското Царство во 1466/67 година, под името Искудрина со 11 христијански семејства.

Од времето кога во него живееле христијански семејства, може да се најде срушена црква под самото село.[4]

Во XIX век, Скудриње било село во Реканската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото поседува атар, кој зафаќа простор од 9,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 617 хектари, пасиштата заземаат 103 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат 78 хектари.[2]

Во Скудриње има 10 трговски објекти и има 7 угостителски објекти.

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Скудриње живееле 940 жители, сите Македонци муслимани.[5]

Селото е големо, коешто во 1961 година броело 1.027 жители, од кои 1.012 се изјасниле како Турци, а 11 жители како Македонци. Во 1994 година бројот двојно се зголемил на 2.126 жители, од кои 1.739 Турци, 138 Македонци, 6 Албанци и 243 се изјасниле како останати, но секако се Македонци со исламска вероисповед.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Скудриње живееле 2.119 жители, од кои:[1]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото претставува најголемото село по број на жители во Долна Река. Целото население е со исламска вероисповед, но етнички во селото отсекогаш, па и денес живеат исклучиво Македонци, кои поради политичко-општествени причини дел се изјасниле за припадници како Турци. Сепак во најголем дел (78,9  %) се изјасниле дека македонскиот им е мајчин јазик.[1]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Скудриње:

Години Македонци Албанци Турци Срби Ост. Вкупно
1948 772
1953 99 11 697 0 20 827
1961 11 0 1.012 1 3 1.027
1971 53 3 1.171 2 7 1.236
1981 17 1 415 3 1.180 1.616
1991 76 0 843 0 1.183 2.102
1994 138 6 1.739 0 243 2.126
2002 468 5 1.629 0 17 2.119

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Училиштето е изградено на почетокот на 1960-тите години од минатиот век и работело како подрачно училиште сè до 1996 година кога заради зголемената популација на уцениците од подрачно училиште прераснало во самостојно основно училиште со две подрачни училишта во селата Присојница и Аџиевци. Број на вработени во училиштето има 25 лица и тие доаѓаат од Ростуше, Гостивар и Требиште, додека бројот на ученици е 247, а бројот на паралелки е 18. Од соседните села не доаѓат ученици. Училиштето располага со библиотека, но не поседува училишна кујна.

  • Пошта (1257)
  • Амбуланта (со постојан лекар и медицинска сестра)
  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуша, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуша се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Косоврасти, во која покрај Скудриње се наоѓале и Горно Косоврасти, Горно Мелничани, Долно Косоврасти, Долно Мелничани, Могорче, Осој и Скудриње. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од Општина Присојница, во која влегувале селата Аџиевци, Јанче, Присојница и Скудриње.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат изборните места бр. 0465 и 0465/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 1.090 гласачи.[8][9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Џамии[10]
  • Џамија — главна селска џамија, обновена во 1986/87 година

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 246. Посетено на 2 мај 2020.
  3. Група автори (2016). „Свлечишта“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 78. ISBN 978-9989-110-90-0.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.263.
  6. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Се затвора училиштето во с.Видуше, сѐ помалку првачиња во општина Маврово и Ростуше“. fakulteti.mk. Посетено на 2020-04-11.
  7. „Описи на ИМ“. Посетено на 24 мај 2020.
  8. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 24 мај 2020.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 24 мај 2020.
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]