Сретково
Сретково | |
Поглед на главната селска црква „Св. Богородица“ во Сретково | |
Координати 41°42′18″N 20°50′44″E / 41.70500° СГШ; 20.84556° ИГДКоординати: 41°42′18″N 20°50′44″E / 41.70500° СГШ; 20.84556° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 25[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 1254 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07075 |
Надм. вис. | 883 м |
Слава | Мала Богородица |
![]() |
Сретково — село во Општина Маврово и Ростуше, кое традиционално припаѓа на областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Сретково — село во Општина Маврово и Ростуше сместено на надморска височина од 883 метри, оддалечено 18 километри јужно од Гостивар и кое има значајна местоположба благодарение на таканаречениот „Сретковски мост“ и планинскиот превој „Стража“ , кои ги поврзуваат градовите Скопје и Тетово со Гостивар, Кичево, Охрид и Струга.
Историја[уреди | уреди извор]
Според одредени историски извори датира од 1307 година. Како што раскажуваат мештаните, Сретково било рамничарско село и населението се занимавало претежно со сточарство, различни видови занаетчиство, ги негувале културата и паганските обичаи, култот кон црквата. Со доаѓањето на османлиите на Балканот т.е. кога Македонија во 1395 година станала дел од петвековната Отоманско Царство, селото било запалено и опустошено, а дел од останатото население пребегало на повисоките места и таму го изградиле истоименото село кое до ден денешен постои. Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 23 христијански семејства.[3]
Сретково се споменува во книгата „Крвава пруга“ издадена во 1965 од авторката Катерина Гогова која сведочи за виорот на Втората светска војна, кога мештаните родољуби несебично се жртвуваат и го даваат својот придонес во народноослободителната борба против фашизмот до конечното ослободување на градот Гостивар на 18 ноември 1944 година.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Земјоделството претставува главна занимација на сретковчани особено сточарството, пчеларството, овоштарството и шумарството. Селото Сретково е препознатливо по домашното производство на т.н. сретковска ракија.
Население[уреди | уреди извор]
Податоците од XIX век велат дека Сретково — село во гостиварска нахија на тетовската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 280 жители, сите Македонци христијани.[4]
Во 1905 г. Сретково имало 440 жители, Македонци патријаршисти и во него работело српско училиште.[5]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 г. Сретково припаѓало на Општина Церово во Горнополошкиот срез и имало 41 куќи со 221 жител, сите Македонци.[6]
По крајот на Втората светска војна, периодот од крајот на четириесеттите сѐ до почетокот на шеесеттите години на минатиот век, се случуваат масовни демографски промени кога мнозинството од работоспособното население масовно мигрира во Гостивар во потрага по издршка, работа и подобри услови[7] додека помал дел останале да живеат и водат грижа за селото. Според пописот од 2002 година селото имало 25 жители, сите Македонци.[8]
Најголемиот дел од жителите кои потекнуваат од Сретково живеат во градовите Кичево, Гостивар, Тетово, Скопје додека надвор од границите на Македонија населени се во соседна Србија, западноевропските земји Италија и Германија и прекуокеанските земји САД и Канада.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 25 жители, Македонци.
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[9]
Година | 1900 | 1905 | 1929 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280[4] | 440[5] | 221 | 251 | 282 | 230 | 110 | 44 | 27 | 28 | 25 |
Родови[уреди | уреди извор]
Сретково е македонско село.
Родови во селото се:
- Ѓиновци (2 к.) староседелци, живееле во Старо Сретково. Го знаат следното родословие: Аврам (жив на 56 г. во 1946 година) Бошко-Манојло-Исајл-Ѓино, основачот на родот. Имаат иселеници во Сушица и во Белград (две семејства).
- Бежовци (5 к.) староседелци, живееле во Старо Сретково. Го знаат следното родословие: Никола (жив на 55 г. во 1946 година) Илија-Марко-Бежо, основачот на родот. Имаат иселеници во Вруток и во Истанбул (едно семејство).
- Пандиловци (5 к.) староседелци, живееле во Старо Сретково. Имаат иселеници во Смедерево (едно семејство), Белград (едно семејство), и во Видин (едно семејство).
- Ристевци (2 к.) староседелци, живееле во Старо Сретково.
- Арсевци (1 к.) староседелци, живееле во Старо Сретково.
- Самојловци (2 к.) староседелци, живееле во Старо Сретково.
- Гавевци (3 к.) староседелци, живееле во Старо Сретково. Имаат иселеници во Белград (едно семејство).
- Бојчиновци (2 к.) староседелци, живееле во Старо Сретково. Имаат иселеници во Свилајнац (едно семејство), Белград (едно семејство) и во Видин (едно семејство).
- Дојчиновци (6 к.) староседелци, живееле во Старо Сретково. Имаат иселеници во Романија (едно семејство), Одеса (едно семејство) и во Истанбул (едно семејство).
- Бибовци (6 к.) староседелци, живееле во Старо Сретково. Имаат иселеници во Леуново.
- Мацановци (2 к.) староседелци, живееле во Старо Сретково. Имаат иселеници во Романија (две семејства).
- Анковци (2 к.) староседелци, живееле во Старо Сретково. Имаат иселеници во Видин (едно семејство).
- Змејковци (2 к.) староседелци, живееле во Старо Сретково.
- Нафит (1 к.) потекнуваат од предок кој дошол од селото Врбен, Горна Река;
- Марко (1 к.) доселени се од соседното село Ново Село;
- Трпевци (1 к.) доселени се од селото Церово, каде имаат роднини, таму биле староседелци.[10]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Црквата одиграла голема улога во секојдневниот живот во селото. Во минатото постоеле едно основно училиште, болница и старата автобуската и железничката станица. Познати населби се Шупевци, Караѓовци , Бежовци и Долно мало.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година исто така се наоѓала во некогашната општина Гостивар. Во рамките на општина Гостивар се наоѓало во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на Општина Бањица, во која покрај Сретково се наоѓале и Беловиште, Горна Бањица, Горна Ѓоновица, Долна Бањица, Долна Ѓоновица, Лакавица, Митрои Крсти, Симница, Сушица и Церово. Самата Општина Бањица била дел од Гостиварската околија. Во периодот 1950-1952 година, селото се наоѓало во Општина Симница, во која покрај Сретково се наоѓале: Горна Ѓоновица, Долна Ѓоновица, Митрови Крсти, Симница и Церово.
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[11]
- Црква „Св.Богородица“ — главна селска црква
- Црква „Св.Петка“ — манастирска црква
- Археолошки наоѓалишта[12]
- Реџов Гроб — утврдување од средниот век;
- Јела — средновековна населба и некропола;
- Крстови — средновековна некропола;
- Сотка — средновековна некропола;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
- Водици — традиционален собир за време на верскиот празник.
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.501
- ↑ 4,0 4,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 213.
- ↑ 5,0 5,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 124-125.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 26.
- ↑ Димовски, Зоран (13 октомври 2012). „Се враќа животот во Гостиварско Сретково“. KISS. Посетено на 19 јануари 2016.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 214-215-216.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|