Нивиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нивиште

Поглед на куќи во Нивиште со гребенот на врвот Кабаш на планината Кораб во позадината

Нивиште во рамките на Македонија
Нивиште
Местоположба на Нивиште во Македонија
Нивиште на карта

Карта

Координати 41°43′50″N 20°35′29″E / 41.73056° СГШ; 20.59139° ИГД / 41.73056; 20.59139Координати: 41°43′50″N 20°35′29″E / 41.73056° СГШ; 20.59139° ИГД / 41.73056; 20.59139
Општина  Маврово и Ростуше
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 07026
Надм. вис. 1153 м
Нивиште на општинската карта

Атарот на Нивиште во рамките на општината
Нивиште на Ризницата

Нивиште — село во Општина Маврово и Ростуше.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на Нивиште, во пролет

Селото Нивиште е сместено високо во пазувите на планината Кораб, во долина во непосредната близина на јужното подножје под планинскиот гребен на двата високи и величествени корабски врвови - Кабаш и Рибничка Скала. Поточно, селото Нивиште е расположено на левата страна на Грекајска Река недалеку од утоката на потокот Дагон во неа, на излезот од високата планинска долина Чапарец. Над селото кон запад се издигнува корабскиот гребен Кукул со месноста Попова Ливада и преслапот Пралуга, а на север се корабските врвови Кабаш и Рибничка Скала, додека кон запад и југ се отвора кон пошироката долина на Рибничка Река низ која до Нивиште води земјен пат со тампонирана постилка од чакал во добра состојба за сообраќај на секаков вид возила, освен во снежни зимски услови. Селото Нивиште е расположено на надморска височина од 1160 метри. Атарот, кој е заеднички со блиското село Грекај, се протега кон север и потоа издолжено кон запад по пркрасната планинска долина Чапарец со потокот Дагон, оградена од планинските огранки на кои се врвовите Кабаш, Црвен Камен (Гури Куј) и Боази од север и Спасенов Камен (Махијамада), Крцунзе и Ливади од југ, сè до циркот Ујт Калар со големите извори над кои се наоѓа ледничкото Изгревно Езеро до главниот планински срт на Кораб на кој се наоѓа и државната македонско-албанска граница. На атарот се најзастапени шумите и тоа бука, даб, јавор и бреза од листопадните и смрека, бор и елка од зимзелените дрвја.

Историја[уреди | уреди извор]

Според записите на етнографот Томо Смилјаниќ - Брадина, селото Нивиште е настанато најпрвин како заселок и маало на селото Тануше кое било село од разбиен тип, заедно со блиското село Грекање и раселеното село Завојско (уништено за време на Првата светска војна), а подоцна тоа се одделило како посебно село[2].

Пишани податоци за Нивиште се среќаваат кон средината на XIX век кога, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот во својот напис „Статистическо описание на Дебрска Река“ објавен во „Цариградски весник“ на 1 јануари 1859 година за селото Нивиште запишал дека имало 26 куќи и спаѓало во селата населени со христијани и муслимани.[3].

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото Нивиште е од чисто македонско и словенско јазично потекло, со значење 'место каде што имало нива, било некогаш нива'[4]. Ова име соодветствува и на положбата на селото, во малку зарамнето место на отворот на широката долина, погодно за обработување ниви. Името Нивиште како такво се користи и од албанското население во нивниот говор, што укажува дека тие го прифатиле ова име на селото заедно со другите бројни топоними во атарот, од некогашното македонско население.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Нивица се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 51 куќа.[5]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194845—    
195354+20.0%
196155+1.9%
197184+52.7%
198181−3.6%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
20027—    
20210−100.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 7 жители, сите Албанци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 92 45 54 55 84 81 0 0 7 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Нивиште било населено од македонско христијанско и албанско муслиманско население и преовладување на говорниот албански јазик со многу македонски зборови и примеси особено присутни и во самото име на селото Нивиште и бројни топоними со чисто словенско потекло. По долгогодишната раселеност од 1981 денес во селото повремено престојуваат повратници, од кои од родот Мифтари. Христијански македонски род во Нивиште биле Серафини или Серафиновци.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  3. Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 г. стр.88
  4. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 111.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 50.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]