Леуново
Леуново | |
Поглед на Мавровското Езеро и на селото Леуново | |
Координати 41°41′42″N 20°47′52″E / 41.69500° СГШ; 20.79778° ИГДКоординати: 41°41′42″N 20°47′52″E / 41.69500° СГШ; 20.79778° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 6[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1254 |
Повик. бр. | 042 |
Надм. вис. | 1340 м |
Слава | Голема Богородица |
![]() |
Леуново — село во Општина Маврово-Ростуше, сместено на брегот на Мавровското Езеро.
Содржина
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Леуново се наоѓа во Мавровската Котлина, на источниот брег на Мавровското Езеро. Административно претставува дел од Општина Маврово и Ростуша, западна Македонија, сместено во источниот дел на општината. Воедно, селото претставува и дел од Националниот парк Маврово. Се наоѓа во пониските делови на планината Бистра.
Селото е поврзано со асфалтниот локален пат P-413 со соседните села Никифорово и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро. Од градот Гостивар е оддалечено 25 километри.
Во близина на селото се наоѓа и браната „Леуново“, која е составен дел од мавровскиот хидроенергетски систем. Самата брана била обновена во текот на 2013 година, при што била зајакната нејзината градба, а самата целина била хортикултурно средена, а на самата брана била изградена патека.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Селото прв пат се споменува во текот на XIII век во грамотата на Константин Тих.
Во поновата македонска историја, од Леуново потекнуваат бројни борци во НОБ за Македонија, при што самото село поднело 15 жртви. На 21 август 1943 година, селото е целосно запалено и изгорено од страна на германските војници.
Во последните години селото се соочуваме со особени проблеми со електричното осветлување во рамки на селото.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Во поново време, селото е насочено кон развој на селскиот туризам, притоа искористувајќи ги придобивките на близината на Мавровското Езеро и Маврово како зимски туристински центар во Македонија. Постојат повеќе пансиони и хотели.
Население[уреди | уреди извор]
Населението во селото започнало да се намалува по првите реформи и индустријализацијата на земјата во времето на Југославија, кога жителите започнале да се иселуваат по градовите, со што бројноста на селото започнала драстично да се намалува. Неповолно кон бројот на жители се одразило и потопувањето на Мавровската Котлина, како и плодното земјиште на селото.
Низ годините во селото Леуново, освен Македонци, живееле и помал број на Албанци, Турци и Срби.
Според последниот попис од 2002 година, во Леуново живеат 6 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[4] | 1905[5] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 955 | 840 | 329 | 436 | 265 | 106 | 60 | 26 | 40 | 6 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Родови[уреди | уреди извор]
Леуново е македонско село.
Според истражувањата од 1920тите родови во селото биле:
- Доселеници: Караџовци (10 к.), Рудинци (7 к.), Белковци (3 к.), Мердановци (3 к.), Зелемборовци (20 к.), Стојановци (7 к.), Цагулевци (25 к.), Мануковци (5 к.), Карапанџовци (5 к.), Димевци (19 к.) и Марковци (20 к.) сите се доселени од областа Порече.
Во селото некое време имало и Албанци. Они припаѓале на родовите: Голаовци и Аметовци (13 к.) доселени од Албанија.[7]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуша, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуша, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Никифорово, во која покрај Леуново се наоѓале и Маврово и Никифорово. Самата Општина Никифорово била дел од Гостиварската околија. Општината Никифорово постоела и во периодот 1950-1952 година.
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[8]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква
- Споменици
- Споменик „Стрелање“ — посветен на жртвите од НОБ, изработен од страна на вајарот Томе Серафимовски
- Археолошки локалитети[9]
- Ѓоновица — средновековна населба
- Долномаалски Гробишта — средновековна црква
- Сув Дол — средновековна црква и некропола
- Езера
- Мавровско Езеро — вештачко езеро
Редовни настани[уреди | уреди извор]
- Голема Богородица — селска слава
Личности[уреди | уреди извор]
- Тихомир Шаревски (1921-2004) — партизан, деец на НОБ
- Ксенте Богоев — македонски општественик, академик и универзитетски професор. Поранешен професор и декан на Економскиот факултет во Скопје, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ, член на Претседателството на СРМ, член и претседател на МАНУ[10].
- Саво Костовски (1925 - 1993) — македонски првоборец
Галерија[уреди | уреди извор]
Споменикот „Стрелање“ на Томе Серафимовски во Леуново
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013.
- ↑ М., Г. (15 ноември 2013). „Привршуваат работите околу доградбата на браната „Леуново”“. Локално (македонски). Скопје. конс. 11 декември 2015.
- ↑ Адамовски, Горан. „Леуново со години без улично осветлување“, „Утрински весник“, МПМ Македонија, 7 октомври 2015 (посет. 11 декември 2015 г). (на македонски)
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Смилјаниќ, Тома. Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Мирче Јовановски, Невена Поповска. „Почина Ксенте Богоев, бардот на македонската економска наука“, Утрински Весник, вторник, 22 април 2008 (посет. 12 декември 2010 г). (на македонски)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|