Стара џамија (Ростуше)

Координати: 41°36′26.4″N 20°36′05.3″E / 41.607333° СГШ; 20.601472° ИГД / 41.607333; 20.601472
Од Википедија — слободната енциклопедија
Стара џамија

Поглед на џамијата

Координати: 41°36′26.4″N 20°36′05.3″E / 41.607333° СГШ; 20.601472° ИГД / 41.607333; 20.601472
Место Ростуше
Општина Општина Маврово и Ростуше
Држава Македонија
Местоположба

Карта

Изградена XVII век
Архитектура
Минариња 1

Стара џамијаџамија во долнореканското село Ростуше.[1] Џамијата се наоѓа на влезот од селото, на левата страна од патот.

Историја[уреди | уреди извор]

Џамијата веројатно била изградена во XVII век, но историски претрпела неколку градежни зафати, така што нејзиниот првобитен изглед е изменет. Минарето на џамијата било изградено во поново време.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Архитектурниот стил на џамијата

Градбата на џамијата има квадратна основа и пирамидален кров. Таа била изградена од дрво, што е најмногу забележиелно од нејзината предна страна, и камен, што се забележува на дел од страничните ѕидови и задната страна. Ѕидовите на џамијата се одликуваат со повеќе прозорци, кои на предната страна се во еден ред, додека на страничните ѕидови во два реда. Во делот од јужниот ѕид каде што завршува дрвената градба и продолжува онаа од камен се забележува разлика во големината и распоредот на прозорците. Минарето на џамијата е изградено од бигор. Дворот на џамијата е ограден со камена ограда, а во него се сместени муслиманските гробишта.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 77. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Реканско културно-историски споменици“. Македонска нација. 17 октомври 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]