Прејди на содржината

Адем Сулејманоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адем Сулејманоски
Роден(а)1961
Ростуше, Гостиварско, СФРЈ СФР Југославија
НационалностМакедонец
Занимањесликар

Адем Сулејманоски (Ростуше, Гостиварско, 1961) — македонски сликар. Најпознат е по изработката на мозаици.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Сулејмановски е роден во 1961 година во Ростуше. Во 1980 година го завршил училиштето за применета уметнст во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, одсек сликарство во 1985 година. Постдипломски студии, одсек: сликарство завршил во 2010 година. Вработен е како професор во основното училиште „Ѓорѓи Пулевски“ во Ростуше и во средното општинско училиште-Гостивар, подрачна паралелка во Ростуше. Во 1992 година бил во Равена, Италија на студиски престој. Учествувал на многу групни изложби во повеќе градови низ Македонија, каде имал и самостојни изложби. Самостојно изложувал во Сион, Швајцарија, Ниш и Нови Сад, Србија и Пешкопеја, Албанија.