Прејди на содржината

Ростушка Река

Координати: 41°36′19.6″N 20°36′29.9″E / 41.605444° СГШ; 20.608306° ИГД / 41.605444; 20.608306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ростушка Река
Дуф Дол
Течението на реката
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоКрчин
 • надм. вис.1.540 м
Устие 
 • место
Радика
 • координати
41°36′19.6″N 20°36′29.9″E / 41.605444° СГШ; 20.608306° ИГД / 41.605444; 20.608306
 • надм. вис.
670 м
Големина на сливот9,9 км2
Особености на сливот
ТечениеРадикаЦрн ДримЈадранско Море

Ростушка Река или Дуф Долрека во Западна Македонија и десна притока на Радика.[1]

Реката е образувана од два помали водотеци на планината Крчин, познати како Голема и Мала Река. Изворот на Голема Река е на надморска височина од 1.540 м.[2] По течението на реката е сместен Дуфскиот Водопад, по што таа поминува низ кањон, а потоа поминува низ селото Ростуше и конечно се влева во реката Радика од нејзината десна страна.

Хидрографија

[уреди | уреди извор]

Вкупната површина на речниот слив на Ростушка Река изнесува 9,9 км2.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 62. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 2,0 2,1 „Риболовна основа за риболовна вода „Акумулација Маврово" за период 2017-2022“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Посетено на 23 август 2018.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]