Пожаране

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пожаране
Пожаране 4.JPG

Панорамски поглед на Долното Маало на Пожаране, со новоизградената црква Св. Климент во позадината

Пожаране is located in Македонија
Пожаране
Местоположба на Пожаране во Македонија
Координати 41°51′11″N 20°51′56″E / 41.85306° СГШ; 20.86556° ИГД / 41.85306; 20.86556Координати: 41°51′11″N 20°51′56″E / 41.85306° СГШ; 20.86556° ИГД / 41.85306; 20.86556
Општина Општина Врапчиште
Население 26 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 670 м
Пожаране на општинската карта
Пожаране во Општина Врапчиште.svg

Атарот на Пожаране во рамките на општината
Commons-logo.svg Пожаране на Ризницата
Селскиот дом на културата
Традиционална архитектура од Пожаране
Спомен чешма во селото

Пожаранесело во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар. Најпознато е по песната „Благуно дејче“, но и по седиштето на метеоролошката станица наменета за поширокиот полошки регион.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Пожаране е сместено во Горни Полог, северно од Гостивар, на источното подножје на Шар Планина. Се наоѓа на петнаесетина километри од Гостивар, а околу 20 од Тетово. Од него води асфалтен пат. Од својата источна страна селото граничи со атарот на селата: Галате и Врапчиште, на запад со Прошовце, од својата јужна страна со Ново Село-Врапчишко и на север со Калиште и Ломница.

Историja[уреди | уреди извор]

Во пишувани материјали Пожаране првпат се споменува во 1461 или 1462 година. Но селото е постара населба, поврзана со постоењето на три града, кои од шарпланинските висорамнини на 900 метри надморска висина, се протегале дури до левиот брег на реката Вардар, како соседни на селото Теново. Во вакафот на Мехмед бег се споменува „пат кој води до пожаранските воденици“ и друг „од Калиште до Пожаране“, пожарански лозја, сообраќајница „од Пожаране до разрушената кула“, пожарански шуми. Некои од пишуваните извори за Пожаране биле зачувани во ваковската џамија Ќебир Мехмед-Челеби во Скопје. Крк клисје, Градиште, Соколец, Климентија, Казаноец, се месности околу Пожаране. За Крк Клисје велат дека потекнува од турскиот јазик како одраз на вековното ропство и значело „40 цркви“. Градиште е источно од Пожаране, до подножjето на Шар Планина, се смета дека се до 1937 година во оваа месност имало кула, а зборот асоцирал на постоење град – голем град Полог. Соколец е култно место во кое се вршеле разни обреди, а особено доаѓале невести кои немале пород, или пак мајки само на женски деца за да им се роди машко. Инаку, во слободен изговор Соколец значел „златна црква“. За Казаноец сврзана е верзија дека тука имало населба, а дивите копачи пронашле казан. За Климентија се смета дека од колено на колено над 1.000 години била пренесувана верзијата дека таму престојувал Св. Климент Охридски. При одредувањето на границите на овие села, се наведуваат местата: „Долг Камен“ и „Будини Ливади“. Овие места и денес постојат во атарот на село Пожаране. Завештувањето на Кјебир Мехмед Челеби од 15 век било во правна сила се до 1912 година. Споменатата година селани од Пожаране за последен пат дале 10% од своите производи на некој си Нури-Бег од Скопје. Тој ова го трошел за издршка на едно скопско муслиманско светилиште наменето за богослужба. За Пожаране постојат пишани записи и од 1595-1868 година во кои се наведува дека „селото било чисто православно со околу 60 домови.. Во 1900 година Пожаране имало 106 куќи., со 830 жители од кои 720 биле православни и 110 муслимански“. Тогаш Пожаране во најголемиот дел било населено со православни Македонци. Имало и нешто муслимани кои зборувале албански. Тие потекнувале од поисламизирани Македонци и од прави Албанци.

Население и иселеништвж[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Пожаране живееле 830 жители, од кои 720 Македонци и 110 Албанци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пожаране имало 696 Македонци од кои 440 патријаршисти и 256 егзархисти.[2]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Пожаране е центар на општина од 4 села во Горнополошкиот срез и има 116 куќи со 633 жители, Македонци и Албанци.[3]

Во блиското минато Пожаране имало неколку стотина куќи и претставувало „најголема населба со православно население на овие простори“, процесот на иселување започнал кон крајот на 19 век, а поинтензивното напуштање на селото се одвивало во почетните децении на минатиот век. Токму од тие времиња испеана е и песната „„Благуно дејче““, која била посветена на „преубавата Благуња“ од Пожаране, чие семејство било преселено во Тетово. Пожаранци се иселувале на повеќе страни, а најмногу во Белград, Букурешт, Москва, Киев, како и најблиските Скопје, Гостивар. Во Тетово се иселиле дури 92 куќи. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 26 жители. Следува табела на националната структура на населението:[4]

Националност Вкупно
Македонци 22
Албанци 4
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 627
1953 608 108 1 1 718
1961 501 2 98 601
1971 262 84 2 14 362
1981 166 27 1 6 200
1991 59 8 8 75
1994 47 10 57
2002 22 4 26

Родови[уреди | уреди извор]

Пожаране е едно од неколкуте предимно македонски населени села во Горни Полог. Познато е по својата автентична горнополошка носија, а се споменува и во повеќе народни песни како што е познатата народна песна „Благуно дејче“. Старинечки македонски родови се: Томевци (слават Воведение и Спасовден), Јанковци (слават Свети Никола) имаат свое посебно родовско маало, Јановци (слават Митровден), Ивановци (слават Петковден), Милчевци (слават Св. Варвара), Бучковци (слават Свети Ѓорѓи - зимен, посен или Св. Алимпиј Столпник) имаат свое посебно родовско маало, а за нив истражувачот П. Јовановиќ запишал дека можно е да потекнуваат од местото Радомир на падините на планината Кораб во северна Албанија[6]. Доселени македонски родови се: Ѓозовци (слават Св. Никола) дошле од селото Шуљ во Љума од каде избегале поради крвна одмазда каде најпрвин привидно се „потурчиле“ па се доселиле во Прошовце (Горното Маало) каде продолжиле да живеат како православни, а откако тамошните услови за живот им се влошиле пред 140 години се доселиле во Пожаране; Ремедовци (слават Митровден) потекнуваат од калајџии кои од некаде се доселиле во Пожаране; Чавдаровци (слават Св. Никола) најпрвин чувале стока на Шар Планина па пред околу 200 години, постојано се населиле во Пожаране. Се знае следниот родослов: Андон (жив на 70 години во 1976)-Спиро-Андон-Дамјан чиј татко се доселил; Карлучовци (слават Св. Никола) по потекло се од блиското село Галате; Печовци (слават Св. Варвара) потекнуваат од местото Печ; Смилковци (слават Митровден) по потекло се од соседното сега пусто селиште Катрање, Кироски (слават Св. Никола) по потекло се од Жеровјане.[6] Од соседното сега раселено село Прошовце се доселиле следните македонски родови: Ѓолевци (слават Петковден) се стари доселеници од Радомир или Чаја во северна Албанија; Волчевци (слават Св. Никола) се доселиле како „шест куќи“ пред околу 180 години. Се знае следниот родослов: Јаков (жив на 72 години во 1976)-Тофил-Смилко-Петре чиј татко се доселил; Бошковци (слават Св. Ѓорѓи - зимен) се доселиле пред околу 120 години. Основачот на родот Ангелко во Прошовце бил свештеник и имал брат Змејко за кого се велело дека е „силен и јак како змеј“, поради што албанците не смееле да го напаѓаат родот, но еднаш додека тој бил на пазар во градот тие го нападнале Прошовце и ја отерале стоката на планина, по што тој јурејќи на коњот ги стигнал и отворил борба во која загинал, по што кога дознале неговите роднини се иселиле во Пожаране; Коруновци (слават Св. Никола) дошле во исто време кога и Бошковци кога било „потердија“ (зулум); Степановци (слават Св. Никола) [6].

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Никола“ во Пожаране

Според историчарот Веле Коцески, од многуте цркви што некогаш постоеле, денес има само три – „Св. Никола“, „Св. Климент“ и „Св. Илија“. Според него имало три манастири, а бројот на црквите за кои постоеле и материјални остатоци се искажувале со десетици. Едниот од манастирите што се наоѓал „Напесок“ бил разрушен од турскиот башибозук, некаде во 1700 година, како одмазда за тоа што жителите на Пожаране и на блиската околина, биле наклонети на Карпошовото востание (1689 година). Вториот манастир се наоѓал во месноста Соколец и бил посветен на Вознесението Христово. Во негова непосредна близина имало и црква што ја нарекувале „Златна Црква“. Овие културни објекти биле разрушени некаде во 19 век. Третиот бил посветен на Св. Климент Охридски. Постоеле хипотези дека овој манастир се наоѓа некаде во Западна Грција, други тврделе во местото Девол во Албанија, а трети по течението на реката Треска, која се викала Велика, по што Климент бил наречен како епископ Велички. Истражувањата на Веле Коцески се дека ваков манастир имало во Пожаране, во месноста Климентија и дека веќе била покрената иницијатива за негова обнова. Тука е и месноста Казаноец, која низ вековите била нарекувана како Велика или Дреница. Овде во турско време „бил пронајден казан со пари“, што го ископале диви копачи.

Цркви[7]
Археолошки локалитети[8]
Друго

Личности[уреди | уреди извор]

Познатата пожаранка Благуња Бошњакоска (1889-1956), родум од Пожаране, а живеела во Тетово, која е опеана во народната песна Благуњо дејче

Во периодот на кралска Југославија честа да бидат избрани во Тетово како пратеници ја имале пожаранците Столе Димитриевиќ - Ренто и Марко Петровиќ. Некогашниот претседател на југословенската влада од тој период Петар Живковиќ, имал потекло од Пожаране. Таков е случајот и со амбасадорите Александар Џоловиќ и неговиот брат. Од Пожаране се и Синиша Станковиќ, академик во Српската академија на науките и уметностите, како и Премче Пандиловски, познат Илинденец, како војвода во Илинденското востание. Ова шарпланинско село дало и повеќемина универзитетски професори како Раде Петровски, Бранко Петроски, Блага Петреска и други. И Веселин Пандиловски, некогашен градоначалник на Тетово, бил од Пожаране. И во периодот на војната 1941-1945 година Пожаране дало значаен придонес со активно учество во НОВ. Во спомен на партизаните од селото, на една чешма е поставена мермерна плоча. Од ова време се споменува и името на Блажо Даневски - Шарпланински, како учесник во партизанското движење од неговиот почеток, па се' до ослободувањето. Тој бил и во заточеништво, а подоцна одликуван со „Сребрена ѕвезда со зраци“.

  • Игњат Крстевски (21 декември 1906 – 1980) - македонски градежен инженер
  • Гаврил Атанасов - ІІI ополченска дружина, починал во 1918 г.[10]
  • Георги Атанасов - ополченец ІІI ополченска дружина, починал во 1918 г.[10]
  • Веле Коцески - историчар;

Култура и настани[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 213.
  2. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 124-125.
  3. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 26.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. 6,0 6,1 6,2 Ф. Трифуноски, Јован (1976) (на српски). Полог (антропогеографска проучавања). Српска академија наука и уметности. стр. 2620-266. 
  7. Кипроски, Киро. „Во селото на Благуња пожаранката“, Утрински Весник, петок, 22 октомври 2010 (посет. 28 март 2011 г). (на македонски)
  8. Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  9. Алексова, Б., Средновековни наоѓалишта во Полозите, Гласник на Институтот за Национална Историја, III-1, Скопје 1959
  10. 10,0 10,1 Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 35.
  11. Манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“ привлече стотина планинари

Надворешни врски[уреди | уреди извор]