Кичевски народноослободителен баталјон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кичевски народноослободителен баталјон
Активна23 септември 1943 - ноември 1943
БиткиНОБ

Кичевски народноослободителен баталјон е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Формиран е на 23 септември 1943 година во Кичево, и бил прв баталјон на Прва оперативна зона на НОВ и ПОМ. Се состои од околу 100 партизани од Мавровско-гостиварскиот партизански одред „Кораб“ и Кичевскиот народноослободителен партизански одред „Козјак“ и нови борци од реонот на Кичево, Маврово и Гостивар. Баталјонот се судира со германски и балистички војски во планината Буковиќ на 1 октомври, и меѓу 5 и 9 октомври кај селата Извор и Кленовец. Баталјонот влегува во состав на Првата македонско-косовска ударна бригада во текот на ноември 1943 година, кај селото Сливово[1].

Состав[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 696.