Александар Ранковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Ранковиќ
Прв Потпретседател на Југославија
На должноста
30 јуни 1963 – 1 јули 1966
Претседател Јосип Броз Тито
Претходник нема
Наследник Коча Поповиќ
Заменик премиер на Југославија
На должноста
1 април 1949 – 18 април 1963
Премиер Јосип Броз Тито
Претходник Јаша Продановиќ
Наследник Светислав Стефановиќ
Министер за внатрешни работи
На должноста
2 февруари 1946 – 14 јануари 1953
Премиер Јосип Брос Тито
Претходник Влада Зечевиќ
Наследник Светислав Стефановиќ
Шеф на ОЗНА
На должноста
13 мај 1944 – март 1946
Потпретседател на Собранието на Србија
На должноста
ноември 1944 – јануари 1946
Лични податоци
Роден(а) 28 ноември 1909(1909-11-28)
Дражевац, Србија
Починал(а) 19 август 1983(1983-08-19) (возр. 73)
Дубровник, Хрватска, СФРЈ
Почивалиште Нови гробишта, Белград, Србија
Националност Србија
Партија КПЈ (1928–1966)
Сопружник Анѓа Ранковиќ (в. 1935; нејзина смрт 1942)
Славка Ранковиќ (в. 1946; нејзина смрт 1983)
Деца 2
Занимање политичар, војник
Награди Орден на народен херој
Орден на социјалистички труд
Орден на народното ослободување
Воена служба
Прекар ЛЕка, Марко
Припадност Предлошка:Country data Democratic Federal Yugoslavia
Род Југословенски партизани
Траење 1941–1945
Чин Генерал-полковник
Битки/војни Југославија во Втората светска војна

Александар Ранковиќ (псевдоним Лека, српски: Александар Ранковић}}, роден на 28 ноември 1909 - починал на 19 август 1983) — југословенски комунист од српско потекло, кој се смета за трет најмоќен човек во Југославија по Јосип Броз Тито и Едвард Кардељ[1]. Ранковиќ бил застапник на централизирана Југославија и се спротивставил на напорите што ја промовирале децентрализацијата за која сметал дека е против интересите на српскиот народ[2], тврдејќи дека Србите имаат силно присуство во номенклатурата на српската Социјалистичка Автономна Покраина Косово[2]. Ранковиќ предупредувал на сепаратистичките сили во Косово, кои биле најчесто осомничени дека извршуваат заводливи активности[3].

Популарноста на Ранковиќ во Србија станала очигледна на неговиот погреб во 1983 година, на која присуствувале голем број луѓе. Многумина сметаат дека Ранковиќ е српски национален водач[4]. Политиките на Ранковиќ се сметаат за основа на политиката на Слободан Милошевиќ[4].

Рани години[уреди | уреди извор]

Ранковиќ е роден во селото Дражевац во близина на Обреновац во Кралство Србија. Ранковиќ, роден во сиромашно семејство, го загубил својот татко на рана возраст. Тој завршил средно училиште во неговиот роден град, по кое заминал во Белград за да работи и се приклучил на работничкото движење. Тој, исто така, бил под влијание на неговите колеги, кои во времето кога била забранета Комунистичката партија на Југославија, со себе ги носеле комунистичките списанија и литература, кои ги читал и самиот Ранковиќ. На 15-годишна возраст тој се приклучил на партијата. Во 1927 година ја запознал својата идна сопруга Анѓа, а една година подоцна се придружил во Комунистичката партија на Југославија. Наскоро тој бил именуван за генерален секретар на Сојузот на комунистите на младите на Југославија (СКОЈ) во Белград.

Предвоена активност[уреди | уреди извор]

Во 1928 година, кога станал член на Комунистичката партија, Ранковиќ бил именуван за секретар на Регионалниот комитет на СКОЈ на Србија. Диктатурата на 6 јануари не влијаела на неговата политичка активност. Како водач на Регионалниот комитет на СКОЈ делел флаери кои пак биле дистрибуирани во Белград и Земун. За време на печатењето на флаерите, еден од неговите соработници бил уапсен, а наскоро и Ранковиќ бил откриен од страна на полицијата во Белград во нелегален стан.

Судењето на Ранковиќ било едно од првите судски процеси по прогласувањето на диктатурата на кралот Александар. Тој бил осуден 6 години и казната ја издржал во затворите во Сремска Митровица и Лепоглава. За време на неговото затворање, тој ја ширел комунистичката агенда кај помладите затвореници. Во затвор, тој организирал напади врз полицијата од страна на политичките затвореници. Тој бил ослободен во 1935 година, а по ослободувањето бил регрутиран во армијата. По воената служба работел за работничкото движење во Белград. Преку синдикатите ја обновил активноста на Комунистичката партија. Во 1936 година станал член на Регионалниот комитет на Србија и во 1937 година член на Политбирото на Централниот комитет на Комунистичката партија. Во јануари 1939 година почнал да дејствува илегално под кодното име „Марко“. Во мај 1939 Ранковиќ учествувал на собранието на комунистите на Југославија во Дравска бановина, а подоцна учествувал на 5-тата конференција на КПЈ што се одржала во Загреб.

Подоцнежна кариера[уреди | уреди извор]

Ранковиќ станал член на Политбирото од 1940 година. Ранковиќ бил заробен и мачен од страна на германскиот Гестапо во 1941 година, но подоцна бил спасен од страна на југословенските партизани[5]. Неговата сопруга и мајка биле убиени од Гестапо за време на војната[6]. Ранковиќ служел во Врховниот штаб во текот на војната. Тој бил прогласен за народен херој за неговите услуги за време на Втората светска војна.

Во мај 1944 Ранковиќ ја создал ОЗНА, агенција за безбедност. По војната тој станал министер за внатрешни работи и шеф на воено-разузнавачката агенција УДБА, кој ја заменила ОЗНА.

Тој од власт паднал во 1966 година, наводно поради злоупотреба на неговиот авторитет, прислушувајќи го претседателот Јосип Броз Тито. Истата година тој бил протеран од СКЈ[5].

Неговиот пад од власта го означил почетокот на крајот на централизираната структура на моќта на Сојузот на комунистите на Југославија над земјата и на социјалните и политичките сепаратистички и автономистички движења кои ќе кулминираат преку Хрватската пролет и ново децентрализираната Југославија што се појавила преку уставните реформи во 1971 година, а подоцна и со Уставот од 1974 година[7].

Смрт[уреди | уреди извор]

Гробот на Ранковиќ во Белград

Ранковиќ се пензионирал во Дубровник, каде што починал на 19 август 1983 година од срцев удар'[8].

На Белградскиот аеродром неговиот ковчег бил пречекан единствено од претставниците на СУБНОР. Додека бил во болница, некој влегол во куќата на Ранковиќ и ги украл сите негови медали, па затоа неговото семејство почнало да собира медали од поранешните воени другари за да ги прикаже на погребот, но на крајот СУБНОР ги обезбедил медалите за замена. На граѓаните и организациите им било забрането да објавуваат некролози. Некролог бил дозволен само на неговото семејство и само на денот на погребот[8].

И покрај целата таа цензура, денот на погребот претставувал голем шок за државните и партиските власти. Сепак, на неговиот погреб присуствувале голем број на луѓе. Луѓето го аплаудирале и поздравувале неговото име односно псевдоним „Лека“ и бидејќи немало место за секого, луѓето се качувале на дрвјата и надгробните споменици. Бројот на луѓе кои присуствувале на погребот сè уште не е утврден. Државната агенција пријавила 1.000, додека гласините низ цела Србија зборувале за неколку стотици илјади. Историчарите и новинарите, повеќе или помалку, се согласуваат на бројка од 100.000[8][9][10][11][12][13][14].

Наследство[уреди | уреди извор]

Властите останале вчудовидени од настаните на погребот, бидејќи очекувале дека луѓето заборавиле на некој што бил во целосна медиумска и политичка изолација речиси две децении. Со собирањето во такви толпи луѓето покажале на владата што мислат за него, но исто така и она што го мислат за сите обвинувања, изолација и тишина што го опколиле Ранковиќ од 1966 година. Сепак, властите со години потоа сè уште не дозволувале слики каде Ранковиќ стои до Тито, или до некој од светските водачи. Објавувањето на неговите мемоари исто така било забрането со години[8].

Историчарите често по смртта на Тито во 1980 година го сметале Ранковиќ за бранител на Југославија и верувале дека доколку останал на власт, демонстрациите и бунтовите на иредентистичките Албанци на Косово немало да се случат. Тие првпат протестирале само две години откако бил отстранет од функцијата, во 1968 година, кога во Приштина, но и во Тетово во Македонија, тие извикувале „Да живее Енвер Хоџа“ и „Да живее голема Албанија“. Следните протести се случиле во 1971 и 1981 година. Сепак, активностите кои биле преземени како на пример одземање на нелегалното оружје од Албанците на Косово и Призренските судења, не можеле да се направат без одобрување или знаење на Тито. Српските историчари воопшто не го сметаат Александар Ранковиќ за српски националист, туку го сметаат за верен Југословен и лојален соработник на Тито кој стоел покрај него во сите клучни моменти[8].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Aleksandar Rankovic - Political Profile of A Yugoslav "Stalinist"
  2. 2,0 2,1 Melissa Katherine Bokovoy, Jill A. Irvine, Carol S. Lilly. State-society relations in Yugoslavia, 1945–1992. Scranton, Pennsylvania, USA: Palgrave Macmillan, 1997, p. 295.
  3. Independent International Commission on Kosovo. The Kosovo report: conflict, international response, lessons learned. New York, New York, USA: Oxford University Press, 2000. p. 35.
  4. 4,0 4,1 Lenard J. Cohen. Serpent in the bosom: the rise and fall of Slobodan Milošević. Boulder, Colorado, USA: Westview Press, 2002. p. 98.
  5. 5,0 5,1 „Aleksandar Ranković. Narodni heroj ili domaci izdajnik“ (српски). Yugoslavia Times. 1 октомври 2012. Архивирано од изворникот на 7 декември 2013. Посетено на 8 декември 2013.
  6. Gunther, John (1961). Inside Europe Today. New York City: Harper & Brothers. стр. 350. LCCN 61-9706.
  7. „Yugoslavia: The Specter of Separatism“. Архивирано од изворникот на 2013-07-21. Посетено на 2018-05-17.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 O.P., Mile Bjelajac (20 August 2017), „Istorija - Sahrana Aleksandra Rankovića: Događaj koji intrigira i posle 34 godine“, Politika-Magazin, No. 1038 (српски), стр. 28–29
  9. Jelena Cerovina, Biljana Baković (26 August 2013), „Srbija razgovara: Aleksandar Leka Ranković, između stvarnosti i mita“, Politika (српски), стр. 16
  10. D.Z. (22 August 2013), „Ko je bio Leka Ranković, ćovek koji je prisluškivao Tita“, Telegraf (српски)
  11. Slobodan Ranković (8 November 2013), „Moj otac Leka nije ikona srpskog nacionalizma“, Danas (српски)
  12. Mijat Lakićević (3 January 2017). „Paradigma Ra(n)ković“ (српски). Peščanik.
  13. „Sudbina Rankovića, sudbina Jugoslavije“ (српски). Radio Television Serbia. 19 August 2013.
  14. Video of Ranković's funeral

Надворешни врски[уреди | уреди извор]