Прејди на содржината

Влада на Македонија од 1951

Од Википедија — слободната енциклопедија

Владата на НР Македонија од 1951 е формирана на 6 јануари 1951 година. Ја врши својата функција до 3 февруари 1953 година кога е избран Извршен совет на Народното Собрание на НРМ.

Состав на владата

[уреди | уреди извор]

Составот на владата е следниот:[1]

Реконструкции на Владата

[уреди | уреди извор]

На 13 април 1951 година изгласана е реорганизација на Владата, по што е извршена и реконструкција на Владата.[2]

  • Страхил Гигов е назначен за министер-претседател на Советот за енергетика, преработувачка и екстрактивна индустрија на местото на Благоја Попов
  • Кемал Сејфула е разрешен од функцијата министер-претседателот на Советот за комунални работи и локална индустрија
  • Боге Кузмановски наместо министер за градежништво станува министер-претседател на Советот за градежни и комунални работи
  • Крсте Црвенковски наместо министер за просвета, наука и култура станува министер-претседател на Советот за просвета, наука и култура
  • Џафер Кодра наместо министер за труд станува министер за правосудство на местото на Благој Левков
  • Киро Георгиевски станува министер-генерален секретар на Владата на местото на Методија Митевски
  • Потпретседателот на Владата и претседателот на Стопанскиот совет, Борко Темелковски, е разрешен од должноста претседател на Планската комисија
  • Разрешени се и министерот за трговија и снабдување, Ристо Бајалски, министерот за државни набавки, Перо Менков и министерот за земјоделство и шумарство, Аспарух Каневче.

На 15 октомври 1951 година повторно е извршена нова реорганизација на Владата по што повторно доаѓа до реконструкција на Владата.[3]

  • Страхил Гигов е разрешен од функцијата министер-претседател на Советот за енергетика, преработувачка и екстрактивна индустрија
  • Видое Смилевски е назначен за потпретседател на Владата и претседател на Стопанскиот совет на местото на Борко Темелковски
  • Борко Темелковски е назначен за министер-претседател на Советот за индустрија и градежништво
  • Никола Минчев наместо претседател на Советот за промет со стоки станува министер за финансии
  • Даре Џамбаз наместо министер за финансиите е назначен за министер-претседател на Советот за просвета, наука и култура на местото на Крсте Црвенковски
  • Боге Кузмановски наместо министер-претседател на Советот за градежни и комунални работи станува министер-претседател на Советот за промет со стоки.

На 4 февруари 1952 година, поради заминување на друга должност, од функцијата министер-претседател на Советот за промет со стоки е разрешен Боге Кузмановски и е именуван Аспарух Каневче.[4]

  1. Службен весник на Народна Република Македонија 2/51, 2 стр.
  2. Службен весник на Народна Република Македонија 13/51, 3 стр.
  3. Службен весник на Народна Република Македонија 29/51, 4 стр.
  4. Службен весник на Народна Република Македонија 3/52, 1 стр.