Ореовец (Прилепско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ореовец
Ореовец is located in Македонија
Ореовец
Местоположба на Ореовец во Македонија
Координати 41°23′17″N 21°38′06″E / 41.38806° СГШ; 21.63500° ИГД / 41.38806; 21.63500Координати: 41°23′17″N 21°38′06″E / 41.38806° СГШ; 21.63500° ИГД / 41.38806; 21.63500
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 17 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. /
Надм. вис. 780 м
Ореовец на општинската карта
Ореовец во Општина Прилеп.svg

Атарот на Ореовец во рамките на општината

Ореовец е село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на околу 5 километри од Прилеп (воздушна линија) на 1 километар од патот Прилеп - Скопје, се наоѓа на висорамнина помеѓу три планини. Близу селото поминува Оревоечката Река која е една од притоките на Прилепска Река. Близу селото има повеќе помали пештери, од кои најголема и најпозната е Оревоечката до која има поставено повеќе знаци и маркери на карпите кои водат до неа.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Раховец и имало 34 семејства и 3 вдовици.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Ореовец живееле 505 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ореовец имало 480 Македонци, егзархисти.[3]

Според пописот од 2002 година во селото живееле само 17 жители, од кои 16 Македонци и 1 останат.[4]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 505[2] 480[3] 424 406 308 172 44 28 16 17

Родови[уреди | уреди извор]

Ореовец е македонско село.

Родови во Ореовец се:

Староседелски родови: Стојановци (10 куќи), Симоновци (7 куќи), Брмбевци (4 куќи) и Зеленковци (4 куќи). Еден дел од Симоновци се викаат Ацевци, од кои се произлезени многу комити и партизани, борци за слободата на Македонија;

Доселеници: Богоевци (7 куќи), Пашовци (5 куќи), Гуцевци (4 куќи), Басмовци (2 куќи) и Ветаковци (2 куќи) доселени се, но не знаат од каде; Адамовци (9 куќи) доселени се од некое место во Албанија; Тапановци (8 куќи) доселени се од Дебарско.[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Оревоец е стална дестинација на школски екскурзии и кампувања особено во пролет и есен. Исто така е многу популарна дестинација за време на 2 мај.

Личности[уреди | уреди извор]

  • Марко Цепенков најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македоците.
  • Петар Ацев, војвода од Илинденскиот период
  • Мирче Ацев, војвода од Илинденскиот период
  • Ѓорѓи Ацев, војвода од Илинденскиот период
  • Мирче Ацев, македонски револуционер, Народен херој на Македонија, од втората светска војна, внук на илинденскиот војвода Мирче Ацев.
  • Вера Ацева - Доста, учесник во НОБ и народен херој.
  • Киро Ацески и Зора Ацеска- жители на оревоец во од 1892-1947 (поседувале 2 куќи од кои едната е сега рушевина а другата е вила, помогнале да се изгради локалната црква, на тоа место и се погребани)

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Преселувањето е извршено најмасовно во втората половина на XX век и тоа во правец кон Прилеп.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.78
  2. 2,0 2,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.246.
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]